Категории

20 животни изреки на Фридрих Ниче: „Она што не ме убива, ме прави посилен“

Фридрих Ниче ги ставил под сомнеж принципите на актуелните морални, верски и културни форми. Неговите дела, напишани во афористички стил, ве поттикнуваат да размислувате, а актуелни се и ден денес:

Кога ќе го цените она што имате, а нема да живеете во потрага по идеали, ќе бидете вистински среќни.

Тие не планираат пријателство, не грмат за љубовта и не ја докажуваат вистината.

Оној кој има „зошто“ да живее, може да ги поднесе речиси сите „како“.

Човекот несреќни или среќни го чинат само неговите мисли, а не надворешните околности. Господарејќи со своите мисли, тој господари со својата среќа.

Оној кој не може да одвои за себе две третини од денот, треба да се смета за роб.

Нема прекрасна површина, без застрашувачка длабочина.

Она што не ме убива, ме прави посилен.

Ако сте решиле нешто да преземете, затворете ги вратите на сомнежите.

Најголеми случувања не се нашите најбурни, туку нашите најспокојни моменти.

Она што се прави поради љубов, се одвива надвор од доменот на доброто и злото.

Постојат два правци кои можат да ве спасат од смрт: брза смрт и долга љубов.

Среќата на мажот се состои во ставот: „Јас сакам!“, а среќата на жената во: „Тој сака!“

Колку повеќе ги раширите рацете, толку полесно ќе ве распнат.

Постои степен на закоравени лаги, кој се нарекува „чиста совест“.

Со човекот се случува истото како и со дрвото. Колку повеќе тежнее кон врвот кон светлината, толку повеќе неговите корења го прицврстуваат за земјата, надолу, во мракот и длабочината – кон злото.

Постојат два вида на осаменост. Кај едниот тоа е бегството на болниот, а кај другиот, бегството од болниот.

Завидните луѓе честопати го осудуваат она што не им е познато и ги критикуваат оние на чие ниво никогаш нема да бидат.

Не сум вознемирен затоа што ме излажа, туку затоа што повеќе не можам да ти верувам.

Не треба премногу да се размислува. Така создавате проблеми кои на почетокот не постоеле.

Најблиска личност е онаа која го знае твоето минато, верува во твојата иднина и во сегашноста те прифаќа онаков каков што си.

Прегледи:
1066
Објавено на:
27.01.2022