Категории

2016-та ви беше една од најлошите години досега? Еве што би можела да биде причината

Нема бегање од враќањето на Сатурн. Или веќе сте го преживеале, моментално сте во него или ве очекува наскоро. Што всушност значи враќањето на Сатурн? Астролошки гледано, тоа е кога планетата Сатурн се враќа на исто место кога била во моментот на вашето раѓање. Во просек, ова се случува еднаш на секои 30 години, што значи дека вие првото ваше искуство ќе го доживеете на возраст од околу 30 години, потоа на 60 и доколку сте доволно среќни, ќе имате и трето искуство на околу 90-годишна возраст.

Па, како тоа влијае на вас? Имено, постојат многу промени кои се случуваат овој период. Без разлика дали е тоа некој неочекуван пресврт во вашата кариера или пак прекин на долгогодишна врска, ова е преоден период од околу две до три години. Тогаш вие ќе бидете надвор од вашата зона на удобност, без разлика дали сте подготвени за тоа или не. Ова звучи малку застрашувачки и депресивно, но, тоа не е така. Промените може да бидат тешки, но токму тоа е она што ве движи напред и најчесто прави да бидете подобра личност.

Враќањето на Сатурн не е нешто што треба да ве заплашува. Напротив, треба да мислите на тоа како времено да размислувате и да направите чекори кои ќе ве носат на патот по кој сакате да чекорите, затоа што сите знаеме колку е лесно да ни се одвлече вниманието и несвесно да преминеме во друга насока. Сепак, во ред е да не го сфатите ова на вашите 30, 60 или пак 90 години, затоа што работите постојано се менуваат, а во меѓувреме секогаш има нешто во што можете да уживате.

Прегледи:
336
Ознаки:
·
Објавено на:
16.11.2016