Категории

25 нијанси на плаво

Во потрага сте по идеалната нијанса која за моемент ќе направи тотална промена во вашиот изглед? – Плавата е несомнена вистинскиот одговор. Омилена веќе со децении, а ѕвездите вешто кокетираат со сите нејзини верзии. Од класичната медова боја, неодоливата карамел нијанса па се до впечатливата платинеста – ѕвездите обожаваат да си поигруваат со светлите нијанси. За оние кои не сакаат премногу да ризикуваат, решение е нијансата посветла од природната боја на коса, а за оние кои се во потрага по вистинска трансформација, идеален избор е хит платинестата која на почетокот на оваа година ја одбраа Katy Perry и Olivia Wilde, или пак платинестата со сребрен сјај како на Cara Delevingne.

Доколку сеуште не сте се одлучиле за вистинската нијанса, тогаш погледнете ги нашите предлози кои сигурно ќе ве инспирираат на патот на вашата нова идеална боја.

Прегледи:
1451
Објавено на:
07.03.2017