Категории

25 Ноември– меѓународниот ден против насилството врз жените

На 25 ноември се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. На овој ден започнува и глобалната светска кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“.

Кампањата ја одбележуваат 1.700 организации во повеќе од 100 земји во светот. Кампањата завршува на 10 декември со Меѓународниот ден на човековите права.

25 ноември е прогласен за Меѓународен ден на борба против насилството врз жените на првиот состанок во Богота (1981) година на феминистките во Латинска Америка и Карибите. На состанокот, жените зборувале за семејното насилство, силувањата и сексуалната злоупотреба како и насилства во кои жените страдаат, вклучувајќи тортура и насилство врз политичките затвореници.

Годинешната кампања ќе опфати низа дејства посветени на „Да го обоиме светот во портокалово: да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата“. За таа цел, на зградата на Собранието ќе биде осветлена во портокалово, а исто така и многу лица од различни занимања ќе постираат пораки против насилството за да ја покажат својата поддршка на социјалните медиуми,

Портокаловата боја е избрана за боја која симболизира посветла иднина без насилство врз жените.