Категории

Поучни цитати од Чехов: „Добар човек чувствува срам и пред куче“

Длабоки и интересни афоризми на Антон Павлович Чехов – светлост на руската книжевност.

  • Доброто воспитување не е во тоа да не го истуриш сосот на масата, туку во тоа да не забележиш ако некој друг го направи тоа.
  • Колку е убаво да седиш дома кога дождот удира по кровот, и кога знаеш дека во твојот дом нема здодевни луѓе.
  • Поентата не е во оптимизмот, не е ни во песимизмот, туку во фактот дека деведесет и девет појави немаат мозок.
  • Ако не знаеш што чувствуваш кон некој човек – затвори ги очите и замисли дека го нема. Нигде. Го нема и нема да го има. Тогаш ќе ти биде јасно.
  • Не можете да барате од калта да не биде кал.
  • Да чувствувате постојана среќа, дури и во моментите на тага и жалост, треба: а) да бидете задоволни со сегашноста и б) да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.
  • Денес е прекрасен ден. Дали да испијам чај или да се обесам.
  • Едната болка секогаш ја намалува другата. Ќе и застанете на мачката која ја боли заб на опашот, и веднаш ќе и биде полесно.
  • Стотини милји празни, еднолични, изгорени степи, не можат да предизвикаат толку длабока депресија како еден здодевен човек кој седи, зборува и не знае кога треба да се откачи.
  • Ако сакаш да имаш малку време – не прави ништо.
  • Не треба да им пречите на луѓето да лудуваат.
  • „Циник“ е грчки збор, во превод на твој јазик: свиња, која сака цел свет да знае дека е свиња.
  • Добар човек чувствува срам и пред куче.
  • „Запознај се сам со себе“ – е добар и корисен совет, штета што никој не прецизира како се применува овој совет.
  • Животот, всушност, е многу едноставен, и човек треба да вложи многу напор да го расипе.
Прегледи:
1615
Објавено на:
12.11.2021