Категории

3 чекори ве делат од пронаоѓањето на вистинскиот

Пронаоѓањето на вистинската личност за многу дами е животна цел. Она што е важно да запаметиме е дека не смееме да се задоволиме со помалку од што заслужуваме само за да не бидеме сами.

Затоа променете неколку нешта во начинот на размислување и ќе успеете во потрагата. Еве што треба да направите:

# Разјаснете си што сакате, а што не…првенствено поставете си ги своите приоритети. Размислете што не сакате кај потенцијалниот партнер и што е тоа што ве разочарувало во претходните врски.

Треба да бидете самосвесна и да расчистите некои нешта сама со себе, за да знаете што можете да очекувате од себе и од другите за да не трошите време и енергија на погрешни.

Размислете за причината поради која во моментов немате партнер. Дефинирајте ги своите предности и мани и поради што досегашните врски не ви успевале. Бидете паметна и променете го она што не ви се допаѓа за во иднина.

# Бидете најдобра верзија на себе…пред да тргнете во потрага на добра, убава и квалитетна личност за себе, обидете се вие да бидете таква.

Верувајте во себе бидејќи на тој начин ќе блескате. Развивајте добри навики, учете нови нешта и следете ги своите животни цели.

Ќе станете интересна личност полна со квалитетни приказни и авантури.

# Дознајте што навистина мажите сакаат…посветете малку време на машко-женските односи, психологија и љубов. Потребно е да се запознаете со умот на спротивниот пол но и да бидете доволно возрасна за да можете да го сфатите.

Дознајте што сакаат во животот, што очекуваат на првиот состанок, како да се поставите и како да ве забележат.

Користете ги невербалните симболи и говорот на тело, но и научете ги да ги читате.

Претставете се на добар начин. Најдобар совет е првенствено да се чувствувате добро во својата кожа и да не изгледате како сите други.

Лежерно започнете разговор и уживајте.

Прегледи:
377
Објавено на:
03.06.2016