Категории

3 хороскопски знаци кои се вечни ергени

Некои мажи потешко се одлучуваат на големиот чекор брак.

Но, нивната подготвеност да влезат во брачните води зависи по малку и од неговиот хороскопски знак.

Па драги дами, ако вашиот партнер е еден од овие три знака, знајте дека ќе треба малку повеќе да се потрудите да го однесете пред матичар.

БЛИЗНАЦИ

Тие се интересни личности, интелигентни, талентирани и друштвени. Многу мажи од овој знак се уметници, писатели или научници.

Но, тие тешко се одлучуваат да застанат на лудиот камен. Во потрага се за жена која ќе има разбирање, за неговите многубројни интереси па дури и повремени флертови на кои тешко можат да им одолеат. За нив бракот е вид на препрека.

СТРЕЛЕЦ

На Стрелецот му е најважна слободата, па затоа не е чудно што за нив бракот не е добра идеја. Стрелците повеќе му се радуваат на пријателството и љубовта отколку на семејниот живот.

Стрелецот својата партнерка ја опсипува со внимание и нежност, и често изгледа дека е длабоко врзан за неа, што не е вистина. Со него потешко ќе остварите сериозна врска.

ВОДОЛИЈА

Мажите родени во знакот Водолија е големи индивидуалисти и најмногу од се ја ценат својата независност.
Љубовта и сексот се важни за нив, а желбата за неограничена слобода ги спречува да создадат длабока интимност во љубовните односи.

Шармантни се и ги обожаваат припадничките на понежниот пол, па затоа во животот имаат многу врски. Кога ќе се вљуби Водолијата, тој е подготвен да и го подари целото внимание на избраничката. Што се однесува за бракот, тоа не се знае колку ќе потрае.

Прегледи:
465
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
11.02.2016