Категории

3 хороскопски знаци кои тешко ќе се справат со месец февруари

Месец февруари на овие три хороскоспки знаци ќе им биде месец исполнет со нервоза, фрустрација и емотивни проблеми.

Но колку и да им биде тешко, тие ќе успеат со својата истрајност да се изборат со лошиот период.

ОВЕН

Февруари е многу бурен месец за Овенот како на личен така и на деловен план.

Затоа застанете вдишете длабоко и држете се подалеку од избрзани одлуки. Внимавајте како ќе ги претставите своите свежи идеи на вашиот шеф, за некој друг да не ја собере заслугата.

Што се однесува до љубовта, ве чекаат променливи струи и затоа можни се емотивни разочарувања.  Може да се чувствувате осамено, но тоа не е ништо друго освен лично чувство.

Ако сте слободна дама на кој во претходниот период одредена личност и “паднала во очи“, за жал токму таа личност нема да биде во ваша близина овој период па можно е да ве совлада тагата.

Бидете внимателни со вашиот рбет, колена и заби бидејќи се можни одредени проблеми до 15 февруари.

ДЕВИЦА

Девиците ќе бидат исполнети со позитивна енергија и ќе се чувствуваат дека можат да излезат на крај со сите предизвици, но можни се исцрпувачки конфликти со луѓето од вашето блиското опкружување.

Во месец февруари има непријателски настроени планети над полето на љубовта и децата. Затоа овој период за вас е полн со тензии и фрустрации.

Девиците кои се во подолга врска малку полесно ќе го пребродат овој период на нестабилност. Добар совет за нив е да изградат взаемна отвореност и да му ги покажат своите чувства на партнерот.

Ако сте слободна Девица, нема да имате посебна желба за сериозна врска бидејќи сте зафатени со работа, а низ глава ќе ви се врти стара љубов.

Иако сте во одлична форма сепак многу се исцрпувате на работното место и затоа сте напнати. Не би било лошо ако помалку време поминувате над компјутер.

ВАГА

Кај Вагите нема да има многу лоши периоди на работното поле, но тоа не може да се каже за љубовта и здравјето.

Планетата Марс е во полето на пари што ги буди вашите амбиции. Планетарната поддршка и младата месечина ви нудат нов почеток каде треба да ја покажете вашата уметничка вештина со манипулација на парите.

Што се однесува до љубовта, Вагите кои се во врска ќе имаат комплицирани ситуации. Оние кои се во брак ги очекуваат емотивни тензии и ќе се жалат дека не се доволно сакани. Односите ќе се измазнат доколку добиете подарок од партнерот или ако тој не се конфронтира со вас.

Вагите кои се подолго време во врска ќе наидат на нестабилен период во кој често ќе има кавги, љубоморни испади и незадоволство. Можни се трајни прекини на односите. Се на се ова не е добар месец за вас па обидете се да најдете баланс со други работи.

Слободните Ваги имаат шанси да најдат партнер преку социјалните мрежи. Некоја сосема нова личност ќе разбуди внимание и страст кај вас.

Во текот на февруари чувајте се од вируси и настинки. Подложни сте на инфекции кои можете да ги добиете од секојдневниот контакт.

Прегледи:
697
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
30.01.2016