Категории

3 хороскопски знаци со најкраток фитиљ

Некои луѓе се многу поизбувливи од други. Дознајте на кој хороскопски знак му е потребна ситница за да се разбесни…

ОВЕН

Овенот е огнен знак и има многу краток фитиљ. Она што за повеќето е неважна ситница, тој ја доживува како напад на неговото его.

Поради влијанието на својот владетел Марс е нетрпелив и знае да биде и агресивен. Добра работа е што колку брзо се лути, толку брзо и му поминува дури и кога се во прашање покрупни нешта.

ЛАВ

Лавот е поблага варијанта на Овенот. Знае да биде раздразлив поради ситници, но брзо заборава. Правичен е и се труди секогаш рационално да ја согледа ситуацијата, па дури и да попушти ако згрешил, иако има и такви моменти кога сака да е се по негово.

ШКОРПИЈА

На Шкорпиите не им треба многу за да се налутат.

Ако се разбесни подготвена е на ниски удари, да провоцира, да наведува, а понекогаш и да се впушти во физички конфликт кон оној кој и го предизвикал бесот. Некогаш ни тоа не и е доста бидејќи ќе има потреба да се освети па лукаво ќе кова план и ќе го чека вистинскиот момент да ја спроведе.

Прегледи:
554
Ознаки:
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
10.02.2016