Категории

3 љубовни правила на кои сите не советуваат но не треба да ги слушаме

Без разлика дали сте среќно заљубени, или страдате од неуспешна врска, луѓето кои ви се блиски секогаш ќе дадат се од себе да ви дадат некој совет. Но, дури и кога се дадени со најдобри намери, некои од овие совети се сосема погрешни. И тие можат да ви направат многу повеќе штета отколку корист.

На крајот на краиштата, доволно е само да застанете некое време и да размислите добро и ќе разберете дека некои совети во кои многу слепо веруваат и кои се споменуваат со години, генерално не се добри за вас.

Ако се сакате, ништо друго не е важно
Убаво е да се поминува низ животот во романтичен дух, но колку и да е силна љубовта, за жал, не живеете од неа. Тажен факт е дека можете некого да сакате лудо, и дека тој е тотално погрешен избор за вас, од повеќе причини. Ако не ве почитува, не цени и омаловажува, ако е агресивен и не ви посветува толку време колку што треба, не толерирајте го. Ќе има некој што ќе го направи сето ова и повеќе отколку што очекувате.

Љубовта не се бара, љубовта сама ве наоѓа
Секогаш исто друштво, на едно исто место, не е вистинското решение за наоѓање партнер. Обидете се да ги проширите хоризонтите. Променете го кафулето, јавете се на некој стар познаник што не сте го виделе одамна. Не двоумете се да запознаете нови луѓе во клубот, барот… Никогаш не знаете каде ќе го најдете „вистинскиот“.

Помали очекувања
Сосема е нормално и логично да сакате партнер кој ќе ги исполнува критериумите за кои сметате дека се многу важни. Не треба да отстапувате од тоа, ниту да ги намалувате условите и да бидете со некој што не е како вас. Подобро е да бидете сами отколку да трошите време на луѓе со кои не гледате иднина.

Прегледи:
539
Објавено на:
11.06.2021