Категории

3 митови за мократа коса

Постојат одредени правила или подобро да кажеме митови за мократа коса кои ги слушаме постојано но всушност во кои и не веруваме баш. Сепак дел од нив се вистина, а тоа го тврдат светски познатите фризери, еве што тие ни откриваат.

Мит број 1.
Не смеете да спиесе со мокра коса
Митот во тоа е што може нешто да ви се случи доколку заспиете со мокра коса, но тоа е само мит. Секако, ако заспиете во ладна просторија постои можност да се преладите, а ако заспиете во просторија со нормална собна температура она што може да ви се случи наредното утро е да се разбудите со премногу лоша фризура.

Мит број 2.
Мократа коса и студеното време можат да резултираат со воспаление на мозокот и прелада
Оваа реченица сигурно сте ја слушале и сеуште ја слушате од вашите мајки и баби. Да, комбинацијата на мокра коса со ладен воздух може навистина да предизвика настинка но не и воспаление на мозокот. Во секој случај, мократа коса и ладниот воздух никако не изгледа добро естетки, а тоа е уште еден минус.

Мит број 3.
Не смеете да ја чешлате мократа коса
Признајте, сигурно ви се случило неколку пати во брзање и сте ја расчешлале косата веднаш откако сте излегле од бањата и веднаш потоа сте почнале со фенирање и сушење. Митот вели дека чешлањето на мократа коса може да доведе до нејзино оштетување и кршење, што е точно. Кога влакната се сеуште мокри тогаш тие се најподложни на оштетување, затоа избегнувајте чешлање додека вашата коса е мокра доколку не сакате таа да изгледа како долго време да не сте посетиле фризер.

Прегледи:
277
Објавено на:
01.02.2017