Не е важно колку години имате, доколку имате проблем со акни на лицето најверојатно се чувствувате несигурно и неубаво.
Причината за акни се најверојатно затнати пори и пореметена функција на жлездите/хормоните, па обично луѓето купуваат најразлични производи за чистење за поефикасно да се справат со овој проблем.
Постојат повеќе видови на акни. Тие може да се јават во полесна и потешка форма. Националниот Иститут за здравство ги класифицира како болест на кожата, но исто така, велат дека тие не се опасни по здравјето.
Сепак процесот за нивно отстранување може навистина да биде фрустрирачки. Луѓето понекогаш трошат огромна сума на пари само за да се ослободат од овие непријатни акни, но добрата вест е дека постои сосем природен начин за нивна елиминација, за кој ви е потребно едно овошје кое веќе го имате во вашата кујна.
Доматите може да бидат одличен третман за нега на кожата. Ова овошје има лекувачки својства кои помагаат да се елиминираат акните и митесерите без притоа да остават лузни.
Доматите се богати со витамини. Содржат витамини А, Ц, К, Б6… Сето тоа се витамини кои ја исхрануваат кожата и помагаат во лекувањето. Покрај тоа, доматите ја балансираат рН вредноста на кожата, а со тоа дополнително се помага во спречувањето на појава на акните. Постојат 3 начини за употреба на доматите:
1.Протријте се со пресечен домат.
Ова е наједноставниот начин за користење на доматот во лекувањето на акните. Се’ што треба да направите е да го пресечете доматот на половина, па со пресечената страна да ги протриете проблематичните делови од кожата во времетраење од 3 секунди (можете и повеќе).
Потоа направете блага масажа на лицето, оставете неколку минути да делува па исплакнете со чиста вода, или веднаш исплакнете ако немате доволно време.
Овој метод може да биде многу ефикасен. Значи, ако немате многу време, одберете го овој начин.
2.Маска за лице од домати
Ако имате повеќе време, обидете се со овој метод. Овој метод е малку поефикасен од претходниот, но бара неколку минути повеќе од вашето време.
Може да ви помогне да се ослободите и од загноените акни.
Исечете „Х“ на врвот од доматот, а потоа ставете го во топла вода да отстои неколку минути. Потоа, многу лесно ќе ја отстраните лушпата.
Извадете ги и семчињата, а од пулпата направете каша, односно, сомелете го плодот или измиксајте го во блендер за да добиете каша.
Применете ја оваа каша на чисто лице, а маската оставете ја да се исуши и да делува околу еден час. Потоа исплакнете темелно.
Доматот има својства да го извлекува гнојот на површината, па откако ќе засуши и сам ќе дренира, многу побрзо и полесно ќе исцелува гнојната акна.
3.Маска за лице со домати и лимонов сок
Значи ако немате доволно време за претходната маска, а сепак сакате да и обратите внимание на вашата кожа, тогаш следниот рецепт е токму за вас.
Едноставно измешајте една лажица доматно пире со четири капки лимонов сок, и маската нанесете ја на чисто лице, на проблематичните делови. Оставете да делува 5 минути а потоа исплакнете го лицето со топла вода.