Доколку се одлучите за хонорарна работа за интернационални компании ова се најдобрите платформни кои треба да ги имате во предвид:
1. Fiverr
Она што е карактеристично за Fiverr е тоа што претставува платформа која им овозможува на Freelance-рите да прикачат свои готови проекти преку кои би ги прикажале своите вештини. На овој начин се избегнува контактирањето на секој Freelance-ер посебно, а од друга страна за работодавците е едноставно да донесат заклучок кој би бил најсоодветен за услугата која им е потребна.
Покрај овие можности оваа платформа дополнително нуди курсеви со кои Freelance-рите можат да ги надоградат своите вештини и да научат подобро да се претстават пред нивните клиенти.
2. Upwork
Доколку барате флексибилност во работата ова е дефинитвно платформа која вреди да ја разгледате.
Upwork e платформа која ги обезбедува основните алаки за почетокот на вашата Freelance кариера, простор за соработка, вграден производител на фактури и транспарентен процес на регрутирање на процесот на работа. Upwork е една од најпознатите платформи за Freelance работа и како таква има изградено доста добра репутација, токму затоа дел од нејзините клиенти се Microsoft, Airbnb, Dropbox и многу други.
3. Toptal
Платформа која обезбедува простор за вистинските професионалци и експерти во својата област. Доколку на претходните платформни може да сретнете Freelance-ри со ралично знаење, искуство и квалитет при изработка на зададената услуга, Тoptal е тука да обезбеди вмрежување на најдобрите 3% од сите Freelance-ри во светот. Хонорарот, заработката на оваа платформа е значително повисока поради самиот квалитет и професионалност што се очекува. При самиот почеток се исплаќа и депозит до самата платформа кој можеда ви биде рефундуран доколку успешно го помините тест периодот на оваа платформа.