Категории

3 златни правила кои ќе ви помогнат да го зачувате потемнетиот тен и по одморот

Зачувајте ја бронзената боја што подолго со помош на неколку клучни трикови и уживајте во потемнетиот тен кој ве прави поубави и посвежи.

Редовен пилинг

Иако првата помисла е дека пилингот ја отстранува потемнетата боја, овој чекор е клучен за долготрајна боја. Површинскиот слој на кожата се лупи од прилика на секои две седмици, па затоа е важно да ги отстраните мртвите клетки, за зраците на сонцето да пробијат до кожата. На тој начин се добива подлабока боја и трае цело лето. За изедначен тен направете лесен пилинг секои две недели. Пилингот можете да го направите и сами со мешавина од шеќер и мед, кафе и маслиново масло или овесни житарици ии сол.

Хидратација на кожата однадвор и одвнатре

Овој чекор е мнмогу важен за добивање рамномерен тен. Кожата хранете ја секојдневно, посебно кога често сте на сонце. Особено внимание посветете им на деловите од телото кои се најсуви. За темен тен во текот на сончањето користете производи кои нудат заштита, но и хидратација и ги поттикнуваат природните процеси на потемнувањето на кожата. Исто така, на кожата и е потребно да ја хидрирате одвнатре. Бидејќи летно време се поптиме повеќе, треба да се внимава на внесувањето доволно количество вода.

Избегнувајте туширање со жешка вода

Долготрајното туширање со жешка вода ја суши кожата, па затоа туширајте се со млака вода и хидратантни гелови за туширање ако сакате вашата кожа да биде потемна подолго. Избегнувајте и производи за депилација на база на киселини бидејќи тие го отстрануваат слојот од вашата кожа заедно со бојата.