Категории

3 златни правила за обликување на веѓите

Жените често знаат да претераат со исцртување на веѓите, но доколку се водите според овие правила, нема да направите грешки

Трендовите на денешницата се помалку збунувачки кога е во прашање обликувањето на веѓите. Веѓите се исцртуваат, тетовираат, бојат – но и понатаму останува прашањето колку тоа изгледа убаво и природно и прилагодено на лицето на жената. Многу е лесно да се претера и тоа да го промени целиот личен опис на жената но во негативен контекст. Меѓутоа, стилизирањето на веѓите на вистински и адекватен начин дава на лицето убава свежина, го отвора погледот и ја прави жената убава. Обликот на веѓите се разликува од личност до личност.

Еве кои се најважните правила при бликувањето на веѓите:

Правило 1
Почетокот на веѓите треба да биде во рамна линија со коската на носот. Тоа место лесно ќе го одредите ако молив или четка приближите паралелно покрај страната на носот до неговиот врв се до челото. Точката во која се сечат со веѓите е местото каде што тие треба да почнуваат.

Правило 2
Лакот на веѓите треба да биде на 2/3 од вкупната должина. Поставете го моливот така што ќе поминува преку зениците – местото каде што се пресекуваат треба да биде лакот. Најголемата грешка е ако лакот го поставите точно на средина на веѓата. Така ќе добието облик кој не одговара на ниеден тп на лице.

Правило 3
Крајот на веѓите треба да биде на точката која ја добивате кога моливот ќе го поставите на врвот на носот, преку надворешниот агол на окото до линијата на веѓата. Веѓата можете и благо да ја продолжите,, но никако не смее да се спушта под токата на која започнува.

Прегледи:
994
Објавено на:
10.11.2019