Категории

30 години без Фреди Меркјури: Кралот на рок музиката со неповторлив вокал

Фронтменот од групата „Квин“, Фреди Меркјури почина на денешен ден пред 30 години од последица на тешко воспаление на белите дробови во 46-тата година од животот. Мајката на славниот музичар во едно интервју рекла дека тој никогаш не и признал дека боледува од ХИВ, исто така не и раскажувал ништо за неговиот хомосексуалниот живот.

Новинарката Лесли Ен Џонс, која провела некое време на турнеја заедно со него и групата „Квин“, вели дека Фреди бил срамежлив, но водел многу возбудлив живот.

Британскиот таблоид „The Sun“ истражувал за неговиот живот и открил што се случувало откако ќе се исклучат рефлекторите. А се случувале многу нешта…

Групата го објавила првиот албум во 1973 година, и уште тогаш е поздравена како една од највозбудливите групи кои се појавиле на рок-сцената. Само две години подоцна бил снимен бесмртниот хит „Боемска рапсодија“, кој останал на врвот на британската топ-листа 9 недели. Тогаш наголемо се забележувал и препознатливиот талент на Фреди, како и гласовните исклучителни способности. Во групата освен што пеел, свирел и на клавир, но и на други инструменти. Освен гласот, станал познат и по своите оригинални настапи, кои на групата ѝ давале посебен сјај.

На врвот од славата „Квин“ приредувале најлуди забави. Приказната вели дека издавањето на албумот „Jazz“ го прославиле со забава на која имало голи келнери и келнерки и еден човек кој ги забавувал присутните на тој начин што одгризувал глави на кокошки додека биле сѐ уште живи. Имало и голи манекенки кои се бореле во кал и луѓе со џуџест раст кои на главата носеле послужавници со црти кокаин.

Иако најчесто се зборува за неговите врски со мажи, Меркјури сакал и жени. Неговата најголема љубов била, како што тврдел тој до крајот на животот, Мари Остин, со која бил пред да стане славен, на која и ги оставил сите пати по смртта. Таа е единствената личност која знае каде е погребан.

Освен неа, Фреди наводно бил многу заљубен во манекенката Барбара Валентин, исто така плавокоса, со која имале многу сличен карактер.

Прегледи:
605
Објавено на:
24.11.2021