Категории

#365Среќа ХЗлатан: Музиката ја гледам како уште еден начин да допрам до луѓето кои ме следат и да создадам нешто што ќе остане

Живееме во време кога социјалните мрежи се во центарот на вниманието. По Фејсбук и Инстаграм, сега најактуелен е ТикТок – от. Разните предизвици кои што доаѓаат од целиот свет веќе се присутни и кај нас, а младите постојано споделуваат различни видеа на своите профили, почнувајќи од предизвици, видеа за танцување, магични трикови и смешни видеа. Во ова издание на #365среќа ќе разговараме со еден од најпознатите Тиктокери во нашата земја-Злате Видоевски со кого ќе говориме за неговите почетоци,идни планови и проекти.

 

1. Како започна твојата ТикТок приказна? 

– Мојата ТикТок приказна започна пред 7 месеци, односно кога почна пандемијата на коронавирусот. Во тој период сите бевме затворени дома и јас решив да си го исполнам времето со нешто забавно, па отворив профил на ТикТок.

2. Што те поттикна да направиш профил на оваа социјална мрежа?

Во светот Тик-Токот беше популарна социјална мрежа многу поодамна, додека кај нас оваа социјална мрежа почна да се користи оваа година. Мојата љубопитност е тоа што ме натера да ја инсталирам оваа апликација и да креирам профил на истата. Штом започнав да снимам видеа на ТикТок добив голем број на следбеници, стекнав многу нови пријатели и сето тоа ме мотивираше да продолжам и понатаму да снимам.

3.Дали имаш девојка?

Моментално немам девојка, прекинав две и пол годишна врска пред некое време и се уште не размислувам за нова врска бидејќи  работам на многу нови проекти и фокусот ми е насочен натаму.

4. Може ли да се заработува од ТикТок во Македонија?

Не заработувам директно од ТикТок, но имам соработки со неколку брендови од кои секако се заработува. Иако Тик-Токот е мрежа за забава и позитивна енергија, сметам дека во иднина компаниите ќе го користат ТикТок и за маркетинг.

6. Освен со ТикТок, се пробуваш и во светот на музика. Како дојде на идеја да снимиш песна?

Последниве неколку години сум доста активен на повеќе социјални мрежи: Инстаграм, Јутјуб, ТикТок и Фејсбук. Низ годните стекнав многу пријателства и луѓе кои го сакаат тоа што го споделувам. Музиката ја гледам како уште еден начин да допрам до луѓето кои ме следат и да создадам нешто што ќе остане, па затоа решив да направам песна.

 

7. За каква песна станува збор?

Песната се вика ТикТак. Се работи за модерен звук и комбинација на трап, хип хоп и РНБ . Текстот е базиран на мојата приказна и ги следи моите почетоци на ТикТок се до денес. ТикТак го симболизира времето кое поминува и растот низ текот на годините, но исто така зборува и за тоа дека и покрај бројот на следбеници и популарноста, јас сум сеуште ист. Тоа најдобро го знаат луѓето што се со мене од самиот почеток.

Прегледи:
786
Објавено на:
26.10.2020