Категории

#365среќа Ивана Димитрова: „Сите сме убави на различен начин. Убавината е она што самите ќе го дефинирате како убаво“

Ивана е млада и атрактивна девојка, која многупати досега ја има претставувано Македонија ја избори за убавина, покрај тоа таа е и модел, а пред сѐ девојка која ужива во своето скеојдневие, верува во вистинските вредности во животот и шири позитивна енергија насекаде околу неа.

За прв пат јавноста ја има запознаено на Мис Македонија во 2014 година, каде што ја освои титулата втора придружничка, а на финалето – Miss Body. Покрај тоа, таа досега има учествувано на голем број ревии, настани, музички спотови.

1. Која е всушност Ивана приватно и дали светот на модата беше твоја пасија и инспирација отсекогаш?

Ивана приватно е една обична девојка. Одамна престанав да го обожавам ноќниот живот журки и слично. Повеќе преферирам да го трошам времето со моето милениче, обожавам да читам книги и да им го посветам слободното време на моите внуци кои ми значат сѐ. Себеси се сметам за храбра, борбена, упорна до тој степен што ако некогаш нешто сакам таа упорност ја водам до рушење ѕид. Исто и хумана личност – што каде можам да помогнам со задоволство го правам тоа.


Светот на модата стана моја пасија откако почнав средно училиште, од мала секогаш се замислував да израснам и да се изградам во една успешна жена, но не знаев дека еден ден ќе успеам да се најдам во светот на модата и да биде моја инспирација задоволство и нешто што ме исполнува.

2. Која е твојата дефиниција за убавина?

За мене е многу важна внатрешната убавина, но нормално како модел секој ја гледа мојата надворешна убавина благодарение на генетиката и редовната нега и како предиспозиции да се биде дел од светот на модата. Според мене не постои вистинска дефиниција за убавина, сепак да дефинирам нешто, си се родила како жена негувај ја својата природна убавина, сите сме убави на различен начин всушност убавината е она што самите ќе го дефинирате како убаво и сте свесни дека поседувате убавина.

3. Велат секој почеток е тежок. Дали ова важеше за тебе при почетоците и колку труд и напор беше потребен за да бидеш забележана и да ги постигнеш сите овие успеси со кои можеш да се гордееш денес?

Точно секој почеток е тежок, гледајки од страна би се искоментирало како: Нога пред нога и тоа е. Не! Всушност манекенството бара многу повеќе, мораш да научиш движења, држење на телото, да ги следиш камерите, фотоапаратите, да излезеш пред толку народ и да знаеш да чекориш по таа модна писта. Но, сакајќи го тоа брзо и лесно се привикнав. Јас со зборови не можам да опишам какво е чувството кога чекориш по сцената неопишливо и за мене големо задоволство, таму за мене нема трема таму сум јас своја чекорам со задоволство и самодоверба. А со тоа навистина се гордеам со самата себе.

4. Колку е едноставно да се биде модел во Македонија и дали луѓето имаат предрасуди кон убавите и привлечни жени кај нас?

Да се биде модел во Македонија воопшто не е едноставно. Искрено добиваш повеќе напади отколку поддршка. Сум запознала девојки од многу држави и со задоволство сум ги слушала и сум им се восхитувала каква поддршка имаат од државите од кои доаѓаат. Дефинитивно да! Луѓето кај нас имаат предрасуди кон убавите и привлечни жени. Јас живеејки во мал град често сум мета на озборување, па дури и лажни етикети, многу пати ми се има случувано поминувајки да слушам коментари, во типот на : “Еве ја Ивана.” “Ооо Манекенке” ” Ти си јака со тебе не можеме муабет да правиме” … А зошто? Мислам за мене тие коментари се навистина ниски, јас сум една нормална девојка што во приватноста е едноставна и пријатна личност.

Но во тие околности сепак достоинствено храбро го прифаќам тоа и игнорирам. Самодовербата е таа што ме носи храбро низ тоа, се навикнав да слушам секакви критики, некогаш допираат до мене ама не им давам значење на тие луѓе сепак тоа кажува за самите нив. Понекогаш се прашувам дали убавината ми смета да живеам нормален живот. Ама не, јас се сакам самата себе таква каква што сум и не можам да давам значење на предрасудите на луѓето.

5. Што претставува за тебе среќата?

Да си исполнет со љубов дефинитивно. Опкружен со најблиските, да се радуваш на ситници, да бидеш успешен.

6. Кои се твоите планови за во иднина, дали планираш да продолжиш да се натпреваруваш на некои други избори за убавина или пак, се гледаш себеси на некое друго место?

Да, секако дека би учествувала на избори, сѐ уште се гледам таму.

Прегледи:
1710
Објавено на:
30.01.2020