Категории

#365Среќа Лејла Рамковска: „Никогаш нема да сте спремни потполно, затоа почнете веднаш при првата помисла“

Јога нè учи на трпеливост, но пред се трпеливост кон себеси. Целата уметност на јогата се базира на зајакнувањето на личните слабости, чие решавање бара трпеливост. Во текот на целиот процес го зајакнуваме нашиот карактер, а како позитивен нуспроизвод добиваме здраво тело и внатрешно задоволство, она што го изгубивме поради современиот начин на живот.

Токму затоа, во ова издание на #365среќа разговараме со Лејла Рамковска, една од најпознатите и најуспешни јога инструкторки кај нас. За јогата како начин на живот, среќата и позитивниот став, прочитајте што има да каже таа за вас.

1. Како се запозна со јогата и колку долго ја практикуваш?

Уште пред 15 години другарка ми Миа ме запозна со јога. Беше апсолутно стил на јога кој мене никако не ми одговараше во тој момент и ми требаа години за повторно да се обидам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Ramkovska (@lejlaramkovska)


2. Од неодамна ја започна новата Фит Јога сезона – онлајн часови каде што љубителите на јогата можат да вежбаат заедно со тебе. Колку си задоволна од одзивот и дали сметаш дека полека се зголемува свеста за огромните придобивки од јогата?

Да, веќе повеќе од година држам редовни онлајн часови како резултат на тоа што се покажа како успешен начин на практикување јога, иако бев премногу скептична пред да почнам… што беше голема поука за мене дека навистина не знаеме утре што ќе се случи но мора да се биде флексибилен и адаптибилен на нови животни ситуации и некогаш да се реагира брзо без да ги имаш сите одговори на зошто/затоа. Не можеме со инат да остануваме на стари навики. Реалноста е дека сѐ повеќе ќе бидеме приклучени онлајн и сметам дека треба да си ја најдеме убавата страна на еве конкретно вежбање од дома. А тоа е интимата, мирот, удобноста…

3. Велат „Избери работа која ја сакаш и нема да мора да работиш ниту ден во својот живот“. Колку ти се промени животот откако пасијата ја претвори во професија?

Мојата пасија е константна. Животот ми се промени во момент кога почнав да правам сѐ што е во мои сопствени раце за да успеам во замислата. И тоа е работа секој ден, секој момент. Знам дека има секогаш простор за подобро, па нека е против сите јогиски ставови дека треба да сме задоволни и исполнети во тоа што сме, во тоа што го имаме во овој момент… можеби кога ќе подостарам.

Секој месец ми е предизвик да што повеќе се зголеми бројот на луѓе кои ќе направат нешто за себе, да направат чекор за почеток на промена кон подобро, поубав ден за себе значи поубав ден на тие околу тебе, па така тоа се шири. Но, тоа што го сакаш, а да можеш да го работиш и тоа како главна професија бара многу труд, преминување на многу пречки и 100% инволвираност.

4. Која е твојата дефиниција за среќа?

Немам дефиниција и сметам дека од преголема опседнатост со тоа присилено да бидеме среќни константно- сме несреќни. Ништо не е константно. Можеби прифаќање на тоа ќе нѐ ослободи малку и ќе бидеме позадоволни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lejla Ramkovska (@lejlaramkovska)


5. Што би им порачала на сите оние кои сакаат да почнат да вежбаат јога. Зошто е јога вистинскиот избор?

Јогата е идеална комбинација за подигање на свеста за својата сила (не на мускули) без да те окрути во телото и душата. Никогаш нема да сте спремни потполно или никогаш нема да имате време доволно, затоа почнете веднаш при првата помисла.

Прегледи:
693
Објавено на:
21.09.2021