Категории

#365среќа Тоше Кипријанов: „Откако знам за себе знам и за љубовта кон техниката на шишање и создавање на модерни фризури“

Приказната и причината за раѓањето на љубовта кон фризерскиот занает започнува малку поодамна, уште во 1958 година во Злетово, кој е сместен на Осоговските планини.


„Мојот дедо, Станојко Манасиев својот занает го пренесува на својата ќерка, Маре Кипријанова, која занаетот го продолжува во Скопје т.е. во населбата Волково со отворање на салон кој располага со нови модерни техники за средување и одржување на коса“- раскажува Тоше. Но, тука не застанува традицијата. Наследници на целиот тој занает се нејзините двајца синови Тоше и Станче Кипријанови кои влегуваат со нови сили прилагодувајќи се на модерното време.


Едниот син, Тоше Кипријанов по долго учење и навлегување во техниката за средување, разубавување и одржување на фризури и бради, отвора и нов уште помодерен салон за мажи кој го носи името „ФРИЗЕРСКО СТУДИО СТАНЧЕ“.

„Откако знам за себе и својата фамилија знам и за овој занает. Почнувајки млад од својата 11 година со учење на занаетот во фамилијарниот салон, започна учењето и создавањето љубов кон техниката на шишање и создавање на модерни фризури. Од тука школувањето го продолжив во средното училиште „Димитар Влахов“ во Скопје. Оттогаш се промени и мојот живот – моите мисли беа насочени  кон создавањето на успешна кариера“ – вели Тоше.

Преку учењето и трудот постигнав многу, но, искуството го градев и на меѓународно поле посетувајки многу натпревари, саеми кои што се одржуваа во најразлични земји. Целиот процес на градењето на мојата личност започна со натпреварување кое ќе го паметам цел живот, како најмлад натпреварувач со само 11 години и освоено трето балканско место, па оттука желбата и мотивот станаа уште поголеми. Големото посветување и вложување во работата резултираше со освојување на четврто европско место, каде што навлегов во големата европска култура и уметност на модерните фризури.


Но, не беа само натпреварите пресудни во се, тука допринесоа и посетите на семинари кои се одржуваа на меѓународно ниво во Белград, Софија, Ниш, Пловдив, Истанбул како и во Македонија односно во Скопје и Битола.

Своето работно искуство го започнав уште на пет годишна возраст во фамилијарниот салон во Злетово, а со почетокот на школувањето и селењето во Скопје, својата работа ја продолжив во фризерскиот салон РЕРА, а имав само осум години. Токму тука се роди и идејата за отворање на модерениот и елитен салон за мажи „Фризерско Студио Станче“ кој нуди модерен стајлин на фризури и бради.


По години и години макотрпна работа и усовршување, денес можам да кажам дека го остварив својот сон и да се пофалам со многубројни задоволни клиенти кои редовно го посетуваат мојот салон за мажи „Фризерско Студио Станче“.