Категории

39 – тото Бизнис кафе Македонија во Среќа бар!

Инспирациите многу често доаѓаат од приказни. „Бизнис кафе Македонија“ е перфектното место за да слушнете нова приказна, да запознаете нови луѓе и потенцијално да ја добиете инспирацијата од која ќе произлезе Вашата приказна.

 

Овој четврток (15.9.2022) од 19:00 часот во Среќа бар ќе имате можност да ги слушнете приказните на Јасна Стоимировска Величков – основаш на „Arel Neuromarketing“, Наташа Дукоска – извршен директор на PR агенција „Навигаторс“ и Трајан Ангеловски – претседател на „Сојузот на стопански комори за Македонија“.

Со невромаркетинг се занимавам повеќе од една деценија и со основање на „Arel Neuromarketing“ станав пионер во апликација на невронауката во маркетингот во нашиот регион. Се залагам за користење на нови иновативни технологии и за брз напредок на маркетинг индустријата. , Јасна Стоимировска Величков – основаш на „Arel Neuromarketing“

Околу две децении работам во менаџмент на комуникации. Да се комбинираат заедно логиката и магијата сѐ уште ми е непресушен предизвик. На почетокот не беше лесно да се сфати дека за да допре пораката до луѓето потребно е да се поттикнат емоциите, да им се зборува од срце, а при тоа да се презентираат и неопходните факти. , Наташа Дукоска – извршен директор на PR агенција „Навигаторс“

Не пропуштајте да ги слушнете сите интересни приказни на ова изадание на „Бизнис кафе Македонија“.

Картите се по цена од 300 денари и можете да дознаете како да си обезбедите карта на Facebook настанот.

Прегледи:
415
Објавено на:
13.09.2022