Категории

4 клучни совети за најефективно работење од дома

Мислевте дека ќе биде лесно но набрзо сфативте дека ова е можеби поприлично невозможна мисија?

Добредојдовте во клубот, не сте единствени кои имаат потешкотии со концентрацијата и мотивацијата во текот на работењето од дома за време на новонастанатата ситуација.
Во секој случај, не постои подобро место на светот од сопствениот дом, па така ќе морате брзо да се прилагодите да ги извршувате своите работни обврски од удобноста на сопствениот дом.

Ние ви споделуваме неколку клучни правила за тоа како најефективно да работите од дома и да преживеете без нервоза, паника и стрес.

За почеток, на вашата работна маса донесете нешто кое ќе ве смири и расположи. Може да е вашето омилено растение, ароматична сфеќа, или ламба од вашата спална соба. Создадете пријатна и опуштена атмосфера за себеси.

Секоја личност која се занимава со пишување ќе ви каже дека најдобар рецепт за ефективно одработена работа е работењето во изолација, а тоа значи потполно „отсекување“ од светот, нема телефон, нити телевизор се додека се не биде одработено како што треба.

Правило бр. 1 – Никако не уклучувајте дигитални уреди
Секако освен ако морате да работите на вашиот компјутер, останатите дигитални уреди како мобилен телефон и телевизор мораат да бидат исклучени за да не ви го одземаат вниманието.
Светлината од телевизорот може додатно да ви ја намали концентрацијата па затоа е најдобро кога работите да бидите сконцентрирани само на вашите задачи.

Правило бр. 2 – Пресоблечете се
Можете да работите во било која облека. Облечете пижами или нешто во кое што се чувствувате удобно и пријатно и секако направете си шолја чај или кафе, на тој начин ќе бидете по продуктивни.

Правило бр 3.  – Бидете добро подготвени
На што мислиме? Набавете ги потребните намирници кои ви се неопходни за да не морате да излгувате од станот постојано, овошје, витамини, лекови, вода – сето тоа обезбедете го на време.
Однапред подгответе план за исхрана да не морате да губите од вашето време наменето за работа.

Правило бр. 4 – Не претерувајте со распоредот
Добро испланирајте ги вашите домашни обврски за да не бидете премногу уморни да и се посветите на вашата работа.
Пред да започнете со работа, направете го основното како на пример – миење садови, перење веш, чистење на работната површина. Останатото направете го откако ќе завршите со работа, и внимавајте да не го пренатрупувате вашиот дневен распоред.

Прегледи:
571
Објавено на:
21.03.2020