Во продолжение прочитајте кои работи не треба да ги купувате за вашите најблиски затоа што според суеверие не носат добро
Декември е месец на новогодишните и божиќните празници и време кога купуваме и им подаруваме подароци на најблиските.
А кој не се радува на подароци? Сите ние сакаме да добиеме нешто убаво, особено кога е од блиска личност која што многу ни значи.
Сепак, постојат верувања дека подарувањето на одредени работи му носат несреќа на лицето на кое му е наменет подарокот.
Чевли
Според суеверие, ако партнерот или партнерката поклонат чевли, врската ќе се расипе.
Но, да бидеме искрени: Која жена нема да да се израдува на чевли? Особено кога станува збор за чевли со високи потпетици кои долго време ги посакувала.
Часовници
Часовниците се безвременски, практични и корисни и се омилен подарок за празниците како за жените така и за мажите.
Сепак, се верува дека купувањето подароци во форма на часовници привлекува несреќа.
Паричник
Еднаш празен, секогаш празен? Паричникот никогаш не треба да биде подарен празен, во спротивно парите нема да дојдат.
За да го отстраните проклетството, едноставно вметнете некоја паричка пред да ја подарите на вашите најблиски.
Бисери
Бисерите припаѓаат на класиката и изгледаат убаво на жените. Ова е причината зошто нараквиците, ѓерданите и бисерните обетки се омилен подарок за дамите.
Сепак, според суеверие, тоа значи следново: по една солза за секој бисер.
Но, ако тоа е желба на лицето што ви подарува бисери – нема да плачете од тага, туку ќе пролеете солзи радосници.