Мажот за љубов може да промени многу работи, но немојте да се обидувате да го промените во целост, тоа никогаш не завршува добро.
Ова се четирите работи кои се пресудни за мажот да ја напушти жената, дури и кога е заљубен во неа:
1. Сакате потполно да го промените
Мора да сфатите едно: Децата се за одгледување, а не возрасните мажи. Доколку се обидувате да го промените мажот во целост, ќе почнете да се прашувате поради што сте се заљубиле, а потоа ќе почнете да мислите дека тој не е доволно добар за вас. Тоа со текот на времето ќе го натера да побара жена која ќе го сака и прифаќа таков каков што е.
2. Постојано му приговарате
Нормално дека имате право да приговорите кога не исполнил нешто што ветил. Но постојаното приговарање мажите го сфаќаат како облик на омаловажување и со текот на времето стануваат пасивно-агресивни, што води до пропаст на врската.
3. Мора да ве моли за секс
Можеби ќе ве моли неколку пати, но потоа ќе се откаже и ќе си ја побара среќата на друго место. Сепак сексот е важен и неизоставен дел од секоја здрава врска.
4. Постојано го споредувате со бившите
Посебно не треба да го споредувате со поранешните партнери. Иако е свесен дека секој има љубовно минато, тоа е последната работа што сака да ја знае.