Категории

4 причини зошто треба да вежбате во текот на зимата

Ова се 4 причини зошто треба да вежбате во текот на зимата.

1. Вашиот метаболизам веќе работи со целосна пареа

Кога се изложени на пониски температури, вашето тело работи непрекинато за да ја регулира температурата на телото, што значи дека троши и повеќе енергија за да ве загрее. Затоа со трчање на пониски температури трошите повеќе калории.

2. Потреба за витамин Д

Нормално е да поретко да сте на отворено во текот на зимата. Проблемот е што ова може да предизвика дефицит на витамин Д. Дури и кога е ладно, една брза прошетка ќе ви обезбеди доволно количество на овој витамин.

3. Ќе бидете побрзи

Студот ве тера побрзо да се движите. Истражувањата покажаа дека трчање во постудени услови е многу подобро од трчање во потопли услови. Дополнителна корист: Побрзото трчање троши повеќе калории!

4. Ќе бидете посреќни

Самиот тренинг е добар за нашето здравје, поради лачењето на ендрофинот. Во текот на зимата постојат неколку фактори поради кои е важно да вежбате барем еднаш неделно, како зимска депресија. Физичката активност ќе ви даде доволно “гориво” и поттик да останете ментално здрави и посреќни.

Прегледи:
445
Објавено на:
03.12.2018