Категории

4 работи со кои мажите не излудуваат

Веруваме дека вашиот партнер е совршен за вас, но исто така веруваме дека некои нешта кои тој ги прави ве “излудуваат“.

Во прилог ќе ги спомнеме ситниците кои на нас ни пречат, а кои мажите упорно ги прават…

1. Не го испушта мобилниот од рака…времето кое треба да го помине со вас, тој го поминува гледајќи во телефонот. Тоа секако за вас е иритантно, а и експертите се сложуваат дека е непристојно.

2. Мене ми е сеедно…кога ве интересира нешто, а на вашето прашање ќе одговори “сеедно ми е“. Повеќето дами тоа го доживуваат како незаинтересираност на нивниот партнер за нивните интереси.
Но гледајте на позитивната страна, следниот пат кога ќе ви каже дека му е сеедно, знајте дека имате одврзани раце.

3. Не разговара со вас кога ќе се врати дома…немојте тоа да го доживувате како да дигнал ѕид помеѓу вас двајцата, најверојатно е само изморен.

4. Гледа на часовникот додека вие се подготвувате да излезете...на секоја дама и е потребно различно време да се подготви за излегување.
Кај мажите тоа оди многу брзо. Ако тој стане нервозен и ви приговара, најдете му занимација од типот да го исфрли ѓубрето, да го извади автомобилот или нешто трето.

Што е она што најмногу ве нервира кај вашиот партнер?

Прегледи:
396
Објавено на:
04.03.2016