Категории

4 сигнали со кои кожата бара помош

Нашата кожа на лицето постојано комуницира со нас, прашање е само дали знаеме да ги читаме нејзините знаци и дали забележуваме што таа ни зборува. Секој диспаланс во телото прво се приметува на лцието па затоа е многу важно да се води грижа за него, особено кога се во прашање препаратите за нега кои ги користиме. Погледнете што дерматолозите кажуваат за тоа кои симптоми на кожата на лицето мораме да ги сфатиме сериозно.

1.Чешање
Ова е основниот сигнал кој најавува проблеми и алергии пред да станат видливи. Доколку почувствувате дека вашето лице ве чеша откако ќе ставите некој продукт на него, веднаш отстранете го и измијте го лицето со млака вода. Консултирајте се со дерматолог за тоа која состојка е онаа која ви предизвикува алергија.

2.Болка
Доколку почувствувате непријатни убоди и затегнување на лицето, тогаш тоа ве предупредува дека се работи за воспаление и инфекција. Луѓето со егземи и други проблеми на кожата на лицето можат да почувствуваат болка во текот на нанесувањето на одредени козметички производи. Меѓутоа не мора секогаш да значи дека болката се јавува поради тоа што продуктот е лош или тежок за вашето лице, можете да продолжите со негово користење кога воспалението ќе се смири.

3.Црвенило
Црвенилото е како црвено светло на алармот за узбуна и морате да го сфатите сериозно. Она што може да означува е последица од користење на производи кои се лоши за вашата кожа и предизвикуваат згрутчување на крвните садови.

4.Испакнатини
Испакнатините на кожата кој одненадеж се појавуваат без никаква повреда можат да бидат доста сериозни. Доколку производот кој го користите ви предизвикува поткожни акни и алергиски меурчиња, веднаш претстанете со користење, и пробајте да не ставате никакви хемиски производи на вашата кожа а притоа обидете се да ја излечите вашата кожа по природен пат со природни производи и маски.

Прегледи:
312
Објавено на:
04.04.2017