Категории

4-те хороскопски знаци што постојано се однесуваат како сè да е во ред (дури и кога се депресивни!)

Колкупати ви се случило да прашате блиска личност како е, па и покрај очигледната непријатност што е исцртана на нејзиното или неговото лице, да ви каже „Ништо не ми е“? Зад овој автоматски одговор се кријат многу негативни емоции, стравови и тврдоглавост, па доколку сакате да дознаете кои се експертите во ова и низ што точно тие поминуваат, продолжете со читање!

1. Рак

Ракот е многу емоционален и чувствителен. Тој лесно се врзува за оние што ги смета за блиски, но не сака странци. Неретко има потреба за емоционална поддршка кога минува низ тешки периоди, но едноставно не бара помош. Не сака да открие премногу за својот личен живот, па затоа и најверојатно нема да се сврти кон своите пријатели кога навистина има потреба за зборување. Ако забележите дека се повлекува повеќе од вообичаено, тогаш би било добра идеја да го прашате дали е во ред и дали сака да зборува за своите емоции. Не прифаќајте „Не“ за одговор!

2. Девица

Девицата е многу критична кон себе. Таа е и многу срамежлива, па затоа не сака да бара помош. Постојано се обидува самата да си се поправи, и не сака на другите да им досаѓа со барањето асистенција. И покрај тоа што мисли добро, не треба да заборави дека е сосема во ред да побара помош бидејќи одвреме-навреме на сите им е потребна емоционална поддршка. Кога минува низ тешки времиња, таа ќе биде многу полетаргична и помалку фокусирана на својата работа (што ретко се случува). Кога ќе ги забележите овие промени во нејзиното однесување, преземете ги нештата во свои раце и понудете ја својата помош.

3. Скорпија

Скорпијата е страсна и наметлива, но исто така може да биде љубоморна и сомнителна. Таа има блиска поврзаност со своите пријатели, но истовремено и не сака да ги открива своите тајни. Потребно ѝ е навистина многу време за да ја подари својата доверба. Таа ретко им се доверува на пријателите кога има потреба од помош бидејќи се плаши дека ним нема да им биде гајле. Ако забележите дека полесно се вознемирува или пак, почнува насилно да се однесува, можете да бидете сигурни дека има потреба од поддршка, па помогнете на кој начин и да можете. Бидете сигурни дека таа ќе го цени овој гест.

4. Водолија

Водолијата обожава кога самата си ги решава проблемите. Таа сака да зборува со пријателите кога е среќна, но кога е тажна, има тенденција да се повлекува бидејќи не сака да им биде товар со своите маки. Ако забележите дека минува премногу време со себе, поканете ја на кафе или на прошетка во паркот. Таа ќе го цени времето со вас, а вие барем малку ќе ѝ го оттргнете умот од проблемите со кои се соочува.

Прегледи:
432
Објавено на:
02.04.2017