Многу често слушаме за рутините на успешните луѓе и сме охрабрувани да се обидеме за живееме како нив. Почесто сфаќаме дека нивниот ритам не одговара со нашиот и се откажуваме од градење на своја рутина. Еве 4 влијателни рутини кои може да ги комбинирате за да поченете да ја креирате Вашата најдобра рутина.
Бонус совет: Запаметете дека броевите се само променливи и Вие сте креаторот на оnа што Вам најмногу Ви одговара. Вашата рутина ќе биде само Ваша доколку е лесна за следење за Вашиот начин на живот.
1. Квалитетот на Вашиот ден е одреден и пред да се разбудите.
Не внесувајте каков било кофеин по 11ч наутро.
Не јадете после 20ч.
Не го користете телфонот по 21ч.
Медитирајте, читајте и пишувајте за Вашите чувства пред да си легнете.
Испланирајте си го денот што следува пред спиење.
Легнете си во 22ч.
2. Продуктивноста во текот на денот е важна. Еве како да бидте 5 пати попродуктивни во текот на денот:
Користете го попладнето за одмор и впивање нови инфомрациии. Книги, гледање филм или серија, социјални медиуми…
Користете ги утрата за работи кои бараат повеќе дисциплина. Вежбање или каква било активност, пишување и учење, себеподобрување и медитација.
3. Пред да помине 1 час откога сте станале, искочете на прошетка.
Ова ќе го диктира ритамот на вашиот ден и веќе ќе се чувствувате активни и исполнети. Покрај добрите чувства, прошетката ќе Ви дозволи мозокот да добие повеќе воздух за да бидете попродуктивни во текот на целиот ден.
4. Дисциплинирајте се и повторно и повторно пробувајте.
Ако не можете да напишете 2 страни, напишете една. Ако не можете да вежбате 60 минути, вежбајте 20. Ако не можете да медитирате 20 минути, медитирајте 5.
Креирајте навика, а не очекување. Подобро е да правите малку секој ден отколку да прескокнете ден.