Категории

4 знаци дека е време да побарате нова работа

Ако вашето незадоволство на работа расте од ден на ден и препознаете некои од овие симптоми, тогаш навистина е време за нова страница и за ново работно место што ќе направи значителен чекор во вашата кариера.

  1. Не напредувате

Ако сте во иста позиција со години, за иста плата, без можност да научите нешто ново, оваа ситуација ќе ве доведе до целосно демотивирање. Немате желба да вложите време и напор во работа без перспектива, што дополнително ве мачи и исцрпува.

 

  1. Работата е рутина за вас

Немате елан пред ниедна работна задача, правите сè механички и не вложувате никаков напор и внимание во она што го правите, а заради тоа страдатете сами, затоа што вашата креативна енергија чека да биде искористена додека ја ограничувате.

 

  1. Помислата за работа ве изложува на стрес

За жал, стресот стана составен дел од нашите животи, но ако започнете да имате грчеви во стомакот секое утро затоа што навистина не сакате да ја работите својата работа или да ја делите канцеларијата со оние луѓе што ги гледате секој ден, крајно време е да направите нешто добро за себе и да започнете да барате работа во која конечно малку ќе уживате.

 

  1. Изневерени ви се очекувањата

Сè што ви беше кажано на интервјуто за работа, е само приказна. Не ви беше дадена можност да работите на проект што ќе ви овозможи креативно да се изразувате, тимската работа беше само празно ветување, а мотивацијата изостана во секоја смисла и вашето разочарување од ден на ден само расте.

 

Доколку, се пронајдовте во некои од овие симптоми и размислувате за нив секое утро на вашиот пат до канцеларијата, побарајте слободен ден, седнете и размислете за тоа што навистина сакате, пребарајте ги огласите, испратете го вашето CV на сè што ви изгледа примамливо за работа и чекајте, затоа што ако упорно барате и сакате да го промените животот на подобро, промената неизбежно ќе дојде.

Прегледи:
345
Објавено на:
02.09.2019