Категории

5 фризури кои ве прават да изгледате постари

Многу жени се грижат за тоа дали годините ќе им бидат видливи на кожата, но не знаат дека исто така фризурите, најчесто погрешни за нивниот облик на лице, можат да додадат повеќе години отколку што имаат.
Поголемиот дел од жените се грижат за негата на кожата, настојувајќи да ги покрија трагите на стареењето, но често забораваат дека и фризурата може да одигра голема улога во подмладувањето. Ова се 5-те најчести грешки кои жените ги прават и визуелно им додаваат плус неколку години.

1. Прекратка фризура
Nick Penna, познатиот сопственик на фризерски салон во Бостон изјави дека не се согласува со правилото дека постарите жени треба да носат кратка фризура. Премногу кратката коса може визуелно да го остари лицето, исто така важен е и обликот. Тој го препорачува слоевитото стрижење кое го истакнува лицето на нежен и суптилен начин.

2. Предолга коса
Прекумерната должина на косата ја повлекува и кожата надолу, што се смета за своеврстен „anti facelifting“. Премногу долгаа коса со тупи рабови додатно ги нагласува линиите на лицето, па секогаш се препорачува слоевито стрижење затоа што таквата коса има ефект да ги „омекне“ цртите. Слоевитата коса дава повеќе младешки изглед.

3. Премногу темна боја
Темната коса на светол тен може да ве остари за неколку години. Освен тоа таа ги истакнува и брчките и ги прави многу повеќе забележителни.

4. Премногу светла коса
Ако бојата на вашата коса е премногу светка, може да остави дојам на истоштеност. Многу жени ја прават оваа грешка и ја надминуваат границата на „плавушите“. Познато е дека кожата губи боја со текот на годините, затоа секогаш одбирајте ги топлите нијанси за вашата коса.

5. Оштетени врвови
И вашата коса, како и кожата со текот на годините губи способност да ја задржува влагата, а тоа неминовно доведува до суви и оштетени врвови. Со цел да ја задржите вашата коса што повеќе младолика, важно е да ја негувата секоја недела со соодветни маски и третмани за коса, и најважно – да ја потрстрижувате секогаш кога ќе заприметите испукани врвови.

Прегледи:
666
Објавено на:
23.03.2017