Категории

5 грешки кои ги правите поради кои тестенините немаат совршен вкус. Не правете го ова!

Одлучивте да приготвите тестенини, но не сте сигурни дека ќе имаат совршен вкус? Погрижете се да не ги направите следните грешки.

Лонецот за варење не е доволно голем

Помал лонец за варење значи дека ќе користите помалку вода која бргу ќе зоврие и јадењето ќе биде пбргу зготвено. Меѓутоа, на тестенините им е потребно многу вода и простор за да се сварат рамномерно. Доколку лонецот е премал најверојатно ќе добиете полу-варени, лепливи тестенини.

Не ја посолувате водата во која ги варите тестенините

Сигурно не би печеле или вареле пилешко или зеленчук без сол, а истото важи и за тестенините. Додавањето сол во водта за варење овозможува тестенините да впијат малку сол (без грижи, нема да ја впијат целата количина) туку доволно за да се подобри вкусот.

Додадете масло во водата за варење

Секако, додавањето масло во водата за варење ќе ги спречи парчињата тестенини да се залепат меѓусебно, но сепак тестенините мора да бидат малку лепливи за да може сосот да се задржи на нив.

Држете се до упатството за готвење

Времето на варење кое го пишува на пакувањето од тестенините е број кој би требало од прилика да го земете в предвид, но не се држете слепо до него. Ако сакате тестенините да бидат малку помеки варете ги уште неколку минути.

Ги миете тестенините по варењето

Кога ќе ги ставите сварените тестенини под млаз вода, лепливиот скроб кој се испушта при варењето ќе се отстрани. Поради тоа, сосот нема да се залепи на тестенините на вистински начин – наместо тоа свежо сварените тестенини веднаш ставете ги во сосот.

Прегледи:
576
Објавено на:
07.02.2019