Категории

5 карактеристики на мажот кој никогаш нема да престане да ве сака

Ако го имате ова, никако не го испуштајте!

Тој е во потполност посветен на вас и вашата врска
Лесно е да се биде заедно кога се оди како подмачкано. Меѓутоа, треба да се биде доволно храбар и да се биде заедно и кога ќе загусти. Вистинскиот маж не исчезнува без трага после секоја мала расправија, но и не и префрлува на својата поубава половина кога е нерасположен.
Јасно му е колку е врската важна и несака да дозволи било што да и застане на патот.

Тој не ги избегнува проблемите
Вистинскиот маж многу ретко ќе ги „таложи“ проблемите во себе и ќе чека тие да се насоберат до точка кога ќе пукне. Ако нешто му смета, тој ќе го каже тоа на многу внимателен начин.
Доколку е тој крив за нешто што ја уништува врската, ќе даде се од себе да го поправи тоа.
Јасно му е дека проблемите не ја дефинираат врската туку начинот на кој заедничките ги решавате и премостувате.

Тој обрнува внимание на малите нешта
Нему му е јасно дека наизглед малите, безначајни нешта можат да создадат доста големи проблеми.
Неогвата цел е да истите да ги „скрати“ во коренот и поради тоа обрнува внимание на малите нешта.

Тој сака да се чувствуваш добро во својата кожа
Тој мислите дека си убава, иначе, зошто би бил со тебе?
Нему му е важно и така да се чувствуваш и баш поради тоа е подготвен да направи се што е во негова моќ да се видиш себеси онака како што тој те гледа секој ден.

Тој сериозно ги сфаќа своите грешки
АКо направи нешто што те повредило, му треба многу време да си прости на себеси.
Многу ретко нешто може да го скрши, но кога ќе ти згреши, тогаш дава се од себе да ја исправи грешката. Тој те познава доволно добро да знае што може да те повреди, но тоа не би го направил никогаш. Нити за милион години.

Прегледи:
513
Објавено на:
30.01.2020