Категории

5 начини да се справите со сопствениот перфекционизам

Перфекционизам при работни обврски претставува одлична карактеристика. Меѓутоа, перфекционизмот знае да ви одземе преголем дел од времето и енергијата, и да се претвори во опсесија. Како да се справиме со сопствениот перфекционизам, кога ќе стигне до граници каде што ни е најголем непријател?

1. Креирајте пореалистични лични цели и очекувања.

Соочете се со тоа дека веќе сте доволно добри и дека не мора да сте совршени за да ги постигнете целите. Преку поставување на пореалистични цели, ќе ја елиминирате дополнителната енергија која ја трошите бркајќи го невозможното.

2. Приоретизирајте ја грижата за себе и инвестирајте во себеси.

Размислете кои се работи кои што ви недостигаат во моментот за да се релаксирате. Инвестирајте во терапија, вратете се на некое едноставно, старо хоби – најдете момент од вашето минато во кое сте биле помирни и помалку перфекционисти, и навратете се малку на тој мисловен склоп.

3. Кажувајте „не“.

Перфекционизмот оди рака под рака со амбициозност, па така, перфекционистите често имаат проблем да кажат „не“ на нови прилики. Но, треба да разграничите што е вистински битно да го направите, а што нема да ви придонесе ни кон кариерата ни кон менталниот добробит, и да знаете кога да кажете „не“.

4. Одморот не е изгубено време

Добро заслужениот одмор по тешко работење, само ќе придонесе кон тоа да бидете продуктивни и да работите со полн потенцилан, по одморот. Не мислете дека одморот е изгубено време, туку време инвестирано во идна поголема продуктивност.

5. Не бидете мултитаскер

Перфекционистите често „мултитаскаат“ бидејќи сакаат сѐ да завршат на врем и да им остане време за да сработат уште. Меѓутоа, кога ќе се навратат на тоа што го сработиле и кога ќе видат дека поради мултитаскингот направиле многу грешки, се фрустрираат и мораат да губат време при „прочешлување“ на грешките. Не правете си го ова на себе. Штом сте перфекционисти, подобро работете една работа во едно време, и така барем ќе знаете дека ви е одлично сработена и нема да си давате дополнителен стрес, гледајќи ги сите тие грешки.

Прегледи:
592
Категории:
Кариера
Објавено на:
29.06.2020