Категории

5 начини секогаш убаво да мириса вашиот дома

Заборавете на вештачките освежувачи на воздухот и миризливите свеќи.

Постојат различни едноставни начини од кои секогаш вашиот дом ќе мириса преубаво.

 

Еве ги 5 најдобри!

 

Декорација од портокал и каранфилче

Ова е класичен начин за зимски мирис во домот. Украсете ги портокалите симетрично со вметнување на каранфилче во кората. Наредете го овошјето на декоративна чинија. Портокалот, исто така, може да се користи и за да се направи едноставен фенер – само со нож изрежете вдлабнатина. Ставете ја готовата декорација во близина на извор на топлина и миризбата на цитрус ќе го исполни целиот ентериер.

 

Кугла од кафе во зрно

Не само што свежите зрна кафе мирисаат добро, тие имаат моќ и да апсорбираат непријатни мириси. Тоа е причината зошто тие често се ставаат во чинија во ладилник. Можете исто така да измислите едноставни украси кои ќе овозможат прекрасен мирис низ целиот дом. Најлесен начин е да ги ставите зрната кафе во стаклена кугла и да ставите свеќа внатре. Само запомнете да ги замените со нови за отприлика една недела.

 

Домашна миризлива икебана

Мирисната композиција од сушени цветни ливчиња, гранчиња, зачини или овошје, честопати се користи за декорација (и освежување на ентериерот). Иако лесно можете да купите готови мешавини на мириси, вреди да ја направите оваа импресивна декорација сами. На цвеќињата (кои не мирисаат толку интензивно), додадете суво овошје или зачини. Изгледа најубаво во стаклени садови и во друштво на свеќи.

 

Миризлива вода за пеглање

Препорачливо е да ја подготвите сами. Додадете неколку капки етерично масло на 2 чаши вода и добро промешајте. Ја користиме за пегли со навлажнувачи. Благодарение на овој едноставен третман, целата куќа ќе мириса убаво додека пеглате.

 

Свеќа од цимет

Ова е уште еден начин да се добие зимска арома на домот. Завиткајте дебела свеќа со стапчиња цимет и врзете ја со декоративна лента. Оваа декорација мириса прекрасно и изгледа многу ефикасно.

Прегледи:
587
Објавено на:
15.01.2020