Категории

5 навики на емотивно стабилните жени

Со следниве пет совети, научете како да се справите со вашите емоции и да го пронајдете вистинскиот баланс …

Многу жени не знаат како да се справат со своите емоции. Ова е затоа што имаат впечаток дека се премногу чувствителни и се плашат да доживеат посилни емоции.

Сепак, да се пронајде емоционална рамнотежа не мора да биде напорна работа! Неопходно е да се идентификуваат местата на кои им се потребни мали внатрешни промени што помагаат полесно да се справите со емоциите, а следниве совети можат да ви помогнат.

 

  1. Наместо реакција, тие одговараат

Реакцијата може да биде жестока, како силни емоции кои најчесто го водат вашето его. Честопати, потребно е само дел од секундата пред интуицијата да ви „понуди“ некоја друга перспектива. Кога се чувствувате лошо откако сте се справивте со некоја ситуација или личност, тоа е знак дека сте реагирале наместо да одговорите.

Одговорот ќе ве остави со чувство дека сте се однесувале кон некои работи со интегритет и почит.

 

  1. Тие ја почитуваат реалноста на своите емоции

Многу полесно е да се справите со емоциите ако гледате на нив како што треба: како емоции. Ако сте „испреплетени“ со минати и идни настани, емоциите и ситуациите можат да преземат нови (невистинити) значења и да се врзат за приказна. На пример, замислете дека не сте примени на конкурс за работа. Секако дека сте разочарани. Доколку не се соочите со такви емоции во сегашниот момент, вашиот ум допира во вашето минато, во време кога на тој начин сте се чувствувале за нешто друго.

Кога ќе се справите со емоциите во сегашниот момент, тогаш кога ќе ги почувствувате, си давате зелено светло за да започнете од почеток секој пат и да гледате во секоја ситуација од реален агол.

 

  1. Тие чувствуваат вистинска симпатија за нивната автентичност

Направете список на работи што ве прават среќни и правете барем една од нив секој ден. Без разлика дали е голема или мала – не е важно! Да се ​​направи нешто што ќе ви помогне да се чувствувате одлично е чин на љубов спрема себеси. Овој мал напор го намалува нивото на стрес и ви помага да се чувствувате поспособни и посамоуверени.

 

  1. Тие инсистираат на движење

Кога сте тажни, анкциозни, под стрес, еден од најдобрите начини да “излезете” од вашата глава и повторно да се поврзете со себе е да се движите. Слушајте музика (што ја сакате) и движете се во истиот ритам.

 

  1. Тие не третираат благодарност како бонус, тие тоа го бараат

Практикувањето благодарност е голема поддршка за вашата емоционална благосостојба, затоа што го насочува вашиот фокус кон добрите работи во животот и ве тренира да ги гледате позитивните работи во секоја ситуација. Станувате благодарни за сè што имате и за она што сте го постигнале.

За да ја негувате благодарноста, обидете се да размислите за три работи за кои навистина сте благодарни секој ден и споделете го ова со вашиот партнер, член на семејство или пријател.

Ќе станете позитивни многу бргу и нема да ви биде тешко да се справите со вашите емоции во која било ситуација.

Прегледи:
1067
Објавено на:
08.04.2020