Категории

5 навики на паровите кои можат да доведат до пропаѓање на врската

Секој пар има свои навики во врската а се е во ред додека односот помеѓу двајца луѓе добро функционира, но постојат и некои навики кои ги правите и влијаат врз вашиот однос а на долги стази можат да доведат и до пропаѓање на врската.

1.Се фалите на другите дека никогаш не се расправате
Ако на другите им зборувате дека никогаш не се расправате со вашиот партнер тоа може да значи дека не сте доволно сигурни во способноста на вашата врска да ги преброди конфликтите.

2.Врзани сте како со папочна врвца
Ако својот партнер секогаш го водите секаде на дружење со вашите пријатели тоа би можело да значи дека не знаете да функционирате како поединци. Со цел да не си досадат еден на друг, среќните парови создаваат сопствени пријатели и хоббија за со својот партнер да можат да споделуваат и засебни искуства.

3.Разговарате за своите деца 24/7
Докторката Лаурин Пун, посредница за парови, тврди дека претераното внимание спрема вашите деца сексуално ја загрозува врската. На крајот, секоја врска станува потполно зависна од вашите деца, вели таа.

4.Постојано делувате како посредник за своите слободни пријатели
Иако е убаво да им се помага на луѓето да пронајдат љубов, ако претерувате тоа може да биде напорно за тие личност и може да значи да се обидувате да живеете низ туѓ живот.

5.Претерано искажување љубов во јавност
Пун вели дека претераното искажување нежности и внимание во јавност мора да ги надохнади недостатоците во врската. Сексуалната хемија е важна, но само вербалната комуникација и емоционалната врска ќе го продлабочи вашиот однос.

Прегледи:
520
Објавено на:
08.12.2020