Категории

5 нови начини да го искористите омилениот бронзер ова лето

Бронзерот има мултифункционална улога при шминкањето. Изберете го својот омилен производ и почнете да експериментирате. 

Алтернативна сенка

Бронзерот е совршена замена на сенката за очи, па можете да го користите и за таа намена. Нанесете го на капаците додека не ја добиете посакуваната боја и облик на сенка.

Пополнување на веѓи

Со четка за веѓи најпрво поминете преку веѓите, за да ги расчешлате. Потоа, со коса четка за ајлајнер пополнете и појачајте ја бојата на веѓите користејќи бронзер.

Акцент на јаболчниците

Нанесете бронзер точно на вдлабнатините под јаболчните коски. Додадете бронзер и на брадата и челото за да го завршите контурирањето на лицето.

Целулит

Бронзерот може да ви помогне да го замаскирате видливиот целулит. Со четка нанесете го на проблематичните зони користејќи кружни движења и никој нема да го забележи целулитот на вашата кожа.

Чиста коса за неколку секунди

Повеќето бронзери се сочинети од минерали и глина, што значи дека овие производи можат да го апсорбираат маслото од темето на главата. Бринетите можат да користат бронзер во прав со мат формула наместо шампон за суво миење.