Категории

5 Одлични навики за коишто вашата кожа ќе ви биде благодарна

Сјајна и нахранета кожа е една од најважните карактеристики што сакаат да ја поседуваат жените. Но и покрај употребата на скапи козметички препарати за нахранување и чистење на лицето, сепак ви се има случено од непознати причини да ви се нафрли со неподносливи црвени точки, мозолки и акни. Причините поради кои што се случува сето ова се наоѓаат поблиску отколку што мислите.

1. Редовно чистете го вашиот телефон со посебни влажни марамици или алкохол

Сте приметиле ли некогаш црвенило на вашите образи? Ако одговорот е да, причина за тоа може да биде екранот на вашиот смарт телефон кој секојдневно е изложен на бактерии и многу микроорганизми. За да ја спречите нивната појава, стекнете си навика да го чистите вашиот екран со 100 процентен алкохол или едноставно бришете го со влажни марамчиња.

2. Чистете ги четките за шминка веднаш по употреба

Ако не ги користите четкичките за шминка на правилен начин, можат да предизвикаат појава на акни, алергии и други кожни проблеми. Поради тоа, многу е важно да ги чистите вашите четки, сунгери и други алатки за шминкање веднаш по вашата бјути-рутина.

3. Внимавајте на вашата диета

5. Истуширајте се веднаш после тренинг

Спортските туш кабини можеби не се најубавото нешто на светов, но не се ни затворени пори, црнки и мозолки коишто се појавуваат веднаш доколку не се истуширате. Доволно е само сапун и прикладна температура за да се исплакнете после напорниот тренинг.

Прегледи:
406
Објавено на:
19.09.2016