Категории

5 особини на мудрата жена: Никогаш не ги исмева одлуките на мажот, бидејќи знае дека и самата е дел од нив!

Жените не се послабиот пол, тие се рамноправни со мажите и така треба и да се однесуваат. Издвојуваме што е тоа што паметната и самостојна жена никогаш нема да направи кога е нејзиниот маж во прашање:

1. Мудрата жена е самостојна и не очекува мажот да ја издржува

Овде не станува збор за вашите деца, туку за вас. Некои жени едноставно му се предаваат на мажот во секоја смисла, па очекуваат од него да ги издржува, облекува, храни. Никој не е должен да води сметка за вас. Тој доброволно може да го прави тоа, но неговата обврска не е да се грижи за вас како да сте беспомошно дете.
2. Таа не сака нејзиниот маж да се промени
Не сака нејзиниот маж да ја промени работата или да се откаже од неговото хоби за да поминува повеќе време со неа. Интелигентната жена знае дека она што го работи, неговата професија е составен дел од неговата личност. Таа работа, хоби или пријатели се составен дел од него, исто како и неговата љубов кон неа.

3. Не бара од него да ги остави своите пријатели или семејството

Можеби не ви се допаѓа неговиот кум или семејство, но тој не е должен поради тоа да не разговара или да не се гледа со нив. Дури и ако тие луѓе влијаат лошо врз него, не е на вас да му кажете или да барате од него да се одвои од нив. Тој има право сам да носи одлуки со кој ќе се дружи, па оставете сам да процени кој е добар за него.

4. Не барајте од него да ги игнорира другите жени

Факт е дека мажите имаат очи. Тој секако дека ќе забележи дека постојат и други жени кои се убави и средени, и тоа е ок додека не флертува со други жени.

5. Мудрата жена му верува на својот маж

Таа не бара од него да и ја докажува својата љубов. Кога постои доверба меѓу партнерите никогаш нема да има потреба да гледате во неговиот телефон или мејл. Секогаш водете сметка вашата врска да биде хармонична, да најдете компромис, а тоа единствено може да произлезе од вашите постапки.

На крај, никогаш не ги исмејувајте неговите одлуки, бидејќи вие сте една од нив!

Прегледи:
610
Објавено на:
05.06.2019