Категории

5 ПРЕДЛОГ КОМБИНАЦИИ ЗА ПРВ ЉУБОВЕН СОСТАНОК

Конечно дојде и тој момент – го договоривте првиот љубовен состанок! Како се доближува датумот, станувате повозбудени, но веројатно и понервозни кога некој ќе ве праша: „А што ќе облечеш?!“

Без разлика дали ќе одите на вечера во отмен ресторан или ќе поминете опуштена вечер на кино, важно е да изгледате и да се чувствувате убаво во облеката што ќе ја изберете. Доколку првиот љубовен состанок се наближува, а вие сè уште немате идеја што да носите, погледнете ги нашите пет предлог стајлинзи во кои несомнено ќе оставите впечаток. Секако, овие комбинации можат да бидат инспирација и за сите девојки кои сакаат да изгледаат заводливо и на вториот, третиот, четвртиот состанок…

Избегнувајте трендови, држете се до вашиот сопствен стил

Првиот состанок не е време за експериментирање со најновите трендови, па комбинирајте поедноставни со поексцентрични парчиња. За совршена кежуал комбинација, одберете темносина блуза со голи рамена, светол џинс и плишани светлокафени сандали.

Удобноста е број еден

На повеќето први состаноци не мора да носите високи потпетици, па изберете чевли со пониска штикла или балетанки. Ако се чувствувате непријатно во вашата облека дома, ќе ви биде непријатно во неа цела ноќ. Чевлите со платформа се сосема прифатливи, особено ако не знаете што точно ќе правите на првиот состанок и можеби ќе стоите со часови.

Бидете секси, но не откривајте сè

Слободно покажете малку кожа, но не претерувајте! Балансирајте помеѓу секси и здодевно во впечатлив црвен фустан кој ќе го надополните со едноставни модни додатоци.

Не размислувајте премногу

Како и за животот, не треба премногу да размислувате и да го комплицирате вашиот аутфит со непотребни работи. Можете да одите на состанок и веднаш после работа во овие парчиња – блуза во риги и црна сукња – само оставете го палтото во канцеларија.

Ако се двоумите, носете ги вашите омилени работи

Ако не можете да одлучите што да носите, носете ја облеката која е вашиот апсолутен фаворит. Ќе се чувствувате посамоуверено носејќи нешто што ви е познато и го обожавате, а тоа ќе се одрази и на успешноста на вашиот прв љубовен состанок!

Прегледи:
463
Објавено на:
13.09.2016