Категории

5 причини зошто вреди да сте во врска со секој хороскопски знак

Лав

1. Нивната самодоверба и сила се секси.

2. Тие се топли и искрени и никогаш нема да престанат да ве бакнуваат, гушкаат и да ве галат.

3. Омилена работа на лавот е да биде заљубен и никогаш нема да ја сфати вашата врска здраво за готово.

4. Нивната енергична, страсна и креативна природа ги прави прекрасни љубовници.

5. Тие секогаш ќе бидат заштитнички настроени кон вас и секогаш ќе се борат за вас.

Девица

1. Девицата секогаш ќе ве поддржува и ќе биде тука за вас кога ќе ви биде потребна.

2. Тие ја ценат комуникацијата и се интересираат за многу работи, па никогаш нема да снемате теми за разговор.

3. Тие имаат мека, грижлива страна која се открива кога се во врска.

4. Секогаш се педантни и сакаат да изгледаат најдобро што можат.

5. Целат кон перфекција во сè во животот, а ова се однесува и на сексот.

Вага

1. По природа сакаат да ги задоволуваат луѓето, а со тоа и да го прават партнерот среќен.

2. Тие се шармантни и романтични. Без разлика колку време сте заедно, никогаш нема да престанат да флертуваат со вас.

3. За нив предиграта е многу важна и секогаш ќе се посветуваат партнерот да им биде целосно задоволен.

4. Тие се мирни и секогаш ќе се грижат да ги сведат кавгите на минимум.

5. Обожаваат секогаш да им е удобно и да бидат опкружени со убавина, па ќе се погрижат и вие да се чувствувате така.

Скорпија

1. Скорпиите се страсни и сензуални, па сексот со нив е длабоко преобразувачко искуство.

2. Тие не се плашат од интимата, туку напротив, имаат потреба од таква конекција. Вашата врска ќе созрева и расте постојано.

3. Тие врските ги сфаќаат многу сериозно. Во врските се посветуваат целосно.

4. Нивната мистериозна природа значи дека постојано ќе учите нешто ново за неа.

5. Тие се страсни за сè во животот од јадење до политика, особено за нивните љубовни врски.

1 2 3

Прегледи:
1526
Објавено на:
21.07.2016