Категории

5 причини зошто вреди да сте во врска со секој хороскопски знак

Стрелец

1. Оптимистичкиот стрелец на секоја врска ѝ пристапува отворено и со најдобри намери.

2. Без разлика дали сте му личност за забава или личност со која сака да го помине остатокот од животот, тој секогаш ќе биде искрен.

3. Нивната независност значи дека дури и кога ќе бидете раздалечени, тие ќе бидат сигурни во вашата врска.

4. Бидејќи по природа се идеалисти, секогаш ќе го гледаат најдоброто во вас.

5. Секој секс со нив е нова енергична авантура.

Јарец

1. Јарецот цути кога е во значајна и сериозна врска.

2. Не морате да се грижите за љубопитните очи на вашиот јарец, бидејќи тие секогаш ќе бидат вперени кон вас.

3. Нивната практична природа ќе ја сведе драмата во врската до минимум.

4. Не се плашат да бидат самоуверени и да ја преземат контролата под чаршафите.

5. Без разлика дали поминувате низ тежок период во животот, на работа или едноставно сте преплашени од лош сон, секогаш можете да се потпрете на вашиот јарец, кој е тука да ви помогне.

Водолија

1. Доколку сте во врска со водолија, секогаш ќе се чувствувате дека таа е вашиот најдобар пријател.

2. Тие живеат во свет на идеи, па никогаш нема да ви снема теми за разговор.

3. Нивната љубов за праведност значи дека тие се залагаат за еднакво партнерство каде што обајцата сте среќни, исполнети и добро згрижени.

4. Доколку излегувате со водолија спремете се за бурен социјален живот. Тие имаат еден куп пријатели и ќе сакаат да ве вклучат во друштвото.

5. Нивната креативна природа значи дека ќе сакаат да пробуваат нови работи во кревет.

Риби

1. Тие се романтични и сексуални луѓе, а сексот со нив ќе ви биде ново невидено доживување.

2. Нивната интуитивна природа им дозволува да ги согледаат вашите потреби и брзо да забележат доколку нешто не е во ред.

3. Тие ќе ја изразуваат нивната љубов кон вас на еден прекрасен поетичен начин.

4. Не се плашат да се жртвуваат за врската, бидејќи ги ценат интимните поврзувања.

5. Тие копнеат за романса, па вашата врска постојано ќе биде слатка и полна со фантазија.

1 2 3

Прегледи:
1525
Објавено на:
21.07.2016