Категории

5 примени на циметот во нега на кожата и разубавување

Циметот содржи антибактериски и антигабични својства, како и природно зрнеста форма која помага во чистење на затнатите пори.

Циметот може да го употребувате во повеќе третмани за разубавување, бидејќи прави чуда за убавината на кожата, го изедначува тенот, ги намалува лузните од акни и дава светол и убав тен.

Пилинг за лице и тело

85 грама шеќер

1 супена лажица цимт

1 супена лажица маслиново масло или мед

Измештајте ги заедно и нанесете на кожата додека сте под туш за најдобар ефект.

Маска за чисто лице

1 супена лажица сода бикарбона

¼ супена лажица цимет

¼ супена лажица морско оревче

1 супена лажица маслиново масло (за сува кожа) или мед (за мрсна кожа)

Измештајте го циметот, морско оревче, содата бикарбона и маслиновото масло или медот. Нанесете на лицето и оставете ја 10 – 15 минути. Измијте ја со кружни движења за ексфолијација.

 Третман за мозолчиња

Направете паста од мала количина на цимет и мед, по потреба, и нанесете на мозолчето. Оставете го 10тина минуту, па измијте.

За испакнување на усната

Циметот ја испакнува усната на тој начин што е иритирачки за кожата, па го зголемува крвотокот и усните започнуваат да се подуваат.

Црнки

Со Цимет и мед можете да ги намалите и црнките. Измешајте 1 супена лажица мед и 1 супена лажица цимет. Нанесете од пастата на потребното место, не на цело лица, масирајќи го местото минута, оставете да отстои неколку минути па измијте.

Кога ги правите овие третмани, бидете внимателни со циметот бидејќи ја иритира кожата. Доколку немате искуство со цимет на вашето лице, пред да ставите на лице пробајте на вашата рака, како би избегнале сериозни иритации.