Категории

5 природни начини да се ослободите од целулитот

Од 89% ДО 98% од жените е соочуваат со целулитот на телото, кој се појавува поради дисбаланс на ткивото и салото во телото на човекот. Додека не постои конкретен доказ што укажува која е причината за добивање на целулит, како одредени причини се споменуваат хормоните, диетите, начинот на живот и генетиката.

Ова се некои од триковите кои ќе ви помогнат да го намалите целулитот:

Четкање на сува кожа

Овој метод помага при стимулирање на крвта и лимфниот проток во телото, на тој начин што ги отвора порите на кожата. Иако не е научно докажано (но многу луѓе веруваат во тоа), овој метод ја затегнува кожата и помага при обнова на клетките. За да се постигнат максимални резултати, овој метод треба да се практикува барем еднаш во денот, на сува кожа.

Јадете желатин

Иако овој лек не е погоден за вегетаријанците, за останатите е одличен и со негова консумација добивате неколку здравствени придобивки. Покрај негата на кожата, ноктите и растот на косата, желатинот е одличен извор на колаген, кој исто така ја затегнува кожата. Додека количеството на колаген е преголемо за да биде апсорбирано од кожата, потребно е користење на кокосово масло.

Пијте вода

Додека ова решение делува многу едноставно, би се зачудиле колкав е бројот на луѓе кои не ја внесуваат потребната доза од 8 чаши вода на ден. Не само што водата помага при регенерирање на клетките на кожата, помага и да изгледаат свежо и обновено. Исто така ќе го намали целулитот преку измазнување на површината на кожата. Исто така, јадете храна која содржи вода, како лубеница, краставица, диња.

Јадете домати и сос од домати

Доматите содржат големо ниво на ликопен, кој го спречува исчезнувањето на колагенот од кожата. Иако ова е одличен начин за да внесете ликопен, сепак погрижете се да го купуват оној сос кој се наоѓа во стаклена амбалажа или направете сами. На овој начин го избегнувате отровот Бисфенол А (БПА).

Тријте се со талог од кафе

Доколку никогаш не сте се обиделе сега е вистинското врме да почнете. Триењето со кафе помага да се измасира и измазни кожата стимулирајќи ја крвта и лимфниот проток. Освен енергијата како придобивка од консумација на кафето, на овој начин ќе ја затегнете својата кожа и ќе го отстраните несаканиот целулит.

За видливи резултати, потребно е да ја триете својата кожа со кафе два до три пати неделно.

 

 

Прегледи:
399
Објавено на:
09.03.2018