Категории

5 работи кои никогаш не треба да ги пребарувате на Гугл!

Можеби звучи безопасно, но некои дезинформации кои може да ги прочитате можат да го нарушат мирот и сигурноста, истакнуваат стручњаците.

Пребарувањето на интернет и популарното гуглање се дел од нашето секојдневие, што и да се запрашаме – едноставно го бараме одговорот на Гугл. Колку и да може тоа да ни го олесни животот, не е се така бенигно.

Поради тоа, ова се петте работи кои никогаш не треба да ги гуглате:

Здравствени симптоми

Постојат многу специјализирани портали со такви содржини и корисни информации, но уште повеќе постојат портали кои не ги водат медицински професионалци и кои воопшто не се медицински едуцирани. Поради тоа доктор Гугл, често дава погрешни одговори, па ако имате некој проблем, наместо да пребарувате закажете термин кај вашиот доктор.

Криминални дејствија

Доколку на Гугл пребарате нешто од типот „како да направам бомба“ или „како да создадам дрога“, може да станете сомнителни бидејќи на овој начин лесно се влегува во траг и може да се најдете во неволја.

Зборот „Fournier“

НБА кошаркарот кој се вика Evan Fournier, има прекар „немојте никогаш да го гуглате“. За тоа постои многу добра причина. Неговото презиме, кое на француски значи „пекар“, исто така е име за една врста на гангрена која ги погодува гениталиите. Доколку го напишете неговото презиме веројатноо ќе ви се појават слики од таа болест, којанавистина изгледа грозно.

„Mouth larva“

Еден корисник сакал да изгугла „moth“ ларва. Меѓутоа, погрешил и напишал „mouth“ ларва (ларва во устата). Сликите кои се појавиле како резултат на пребарувањето бил одвратен. Има уште многу такви поими кои не треба да ги гуглате како „deglove“, „blue waffle“ и „lemon party“.

Својата електронска адреса

Доколку го гуглате своето име или имејл адреса, е се појават сите места каде што јавно се спомнува, а тоа можеби непријатно ќе ве изненади. Можете да побарате од Гугл да ве „заборави“, но наскоро било која страница на која сте го отавиле вашиот имејл ќе го прошири во пребарувањата.

 

Прегледи:
444
Објавено на:
12.01.2018