Категории

5 работи кои веројатно не ги знаевте за маските за лице

Дознајте кога е идеалното време за ставање на маска за лице и што е забрането при користење на овој производ. Најмалку еднаш во неделата треба да ставате маска за лице, бидејќи истите се полни со активни состојки кои ја ревитализираат кожата и дополнително ја хранат. Ова се 5 работи кои веројатно не ги знаевте за маските за лице.

1. Пред да ја ставите маската

Маските можат да се применуваат секој ден, ако се работи за освежувачки и хранливи маски, но ако сакате да ја исчистите кожата на лицето треба да ги ставате еднаш неделно. Пред да ја ставите маската, кожата треба да се исчисти. Најефективен е пилинг кој ќе ги отстрани сите мртви клетки, бидејќи чистата кожа подобро и подлабоко ги апсорбира активните состојки од маската.

2. Зошто е важно времето?

Маската обично се чува на кожата од 3 до 15 минути, во зависност од производот. Внимателно прочитајте ги упатствата на декларацијата и внимавајте. Ако ја држите маската премногу кратко, нема да имате сакан ефект, но ако ја држите маската на кожата премногу долго, истата може да предизвика иритација.

3. Отстранете го вишокот

Маската можете да ја отстраните со миење на лице со топла вода или со вадење. Секогаш отстранете ги остатоците од маската. Кога кожата ќе се исуши користете хидратантни кремови.

4. Иритација околу очите?

Маските имаат високи концентрации на активни состојки кои можат да предизвикаат иритација во областа на очите. Токму поради ова постојат маски со специјални закрпи за очите. Тие содржат состојки кои го намалуваат протокот на крвта, за да не се оштети оваа област.

5. Идеално време

Вистинското време за ставање на маската е навечер, кога циркулацијата во нашето тело е најактивна, а кожата е подготвена за хранливи состојки. Експертите советуваат да не се става по 22 часот, бидејќи кожата има помала активност. Ова важи и за утрата, бидејќи метаболизмот на кожата е најспор наутро.