Категории

5 работи што можете да ги направите за вашето здравје веднаш: Подобро варење, здрав сон и нормален шеќер за 0 денари

Наместо да купувате скапи додатоци и егзотична здрава храна, подобрете го вашето здравје со примена на овие принципи – кои нема да ве чинат апсолутно ништо!

  1. Џвакајте ја подобро храната

Во многу текстови ќе најдете совети дека секој залак се џвака 30, 50, па дури и 100 пати!

Се разбира, колку повеќе, толку подобро, но обидете се да го џвакате секој залак барем најмалку 20 пати. За стомакот и цревата, би било идеално храната да пристигне, буквално, во течна состојба. За тоа време, мозокот ја анализира храната и му „кажува“ на вашиот дигестивен систем точно колку треба да биде составот на дигестивните сокови за да се извлечат најмногу хранливи материи од него.

 

  1. Пијте повеќе вода

Вишок калории, отпадни материи од организмот, можни токсични материи, инфекции … сето ова „испарува“ со течноста од телото. За подобро здравје, обидете се да пиете околу 2 литри вода на ден.

Не пијте вода за време на оброкот. Ако добро ја џвакате храната, нема воопшто да ви треба вода.

 

  1. Дишете подобро

Вдишете колку што е можно подлабоко и не брзајте со вдишувањето и издишувањето. Ако сметате дека дишете забрзано, периодично применете лесни вежби со броење во себе – од 1 до 4 вдишувајте, на 5-6-7 задржете го воздухот, а потоа полека издишувајте на 8. Повторете 5 пати, дишете низ носот, а потоа вратете се на нормално дишење.

 

  1. Не јадете после 8 часот навечер

Доцните оброци го нарушуваат здравјето на организмот бидејќи храната го зголемува нивото на шеќер во крвта, го зголемува инсулинот, го зголемува нивото на кортизол и се активираат сите хормони бидејќи организмот очекува активност.

Наместо тоа, дозволете му на организмот да се одмори и полека да се подготви за ноќта.

 

  1. Одете на спиење рано

Колку часови спиете за време на викендите кога не мора рано да станете? Па, треба толку многу да спиете секој ден.

 

Усогласете се колку што можете повеќе, со ритамот на денот и ноќта, обидете се да одите да спиете 2 или 3 часа по последниот оброк.

 

Прегледи:
586
Објавено на:
08.11.2019