Категории

5 работи за кои не треба да жалите на крајот на денот

На крајот на денот, пред да потонеме во сон, секогаш размислуваме за тоа колку бил успешен или неуспешен тој ден! Колку и да бил лош денот, за овие 5 работи никогаш не треба да жалите …

Дали одите да спиете исполнети и смирени знаејќи дека денес сте направиле чекор подалеку од она што е важно за вас во животот, или на крајот на денот жалите за се што не сте направиле?

Животот е како река. Во неа е многу е тешко да се одржи една позиција. Освен ако не направиме свесен напор во остварувањето на своите цели, реката на животот нè носи по нејзиниот тек, од ден на ден.

Бидете свесни за вашите цели и не дозволувајте на крајот на денот да се каете…

 

Што повторно чекате до утре

Проблемот е во тоа што секогаш мислите дека имате повеќе време отколку што навистина имате. Сепак, еден ден ќе се разбудите и веќе нема да имате време да работите работи што отсекогаш сте сакале да ги правите. И во тој момент, ќе имате позади себе цели што сте си ги задале или списокот на изговори зошто не сте ги оствариле. Не правете си го ова себеси. Ако нешто ви е важно, започнете го уште денес!

 

Дека не сте ризикувале и не сте направиле никаков напредок

Животот е ризичен бизнис. Секоја одлука, секоја интеракција, секој чекор, секое утринско станување од кревет носи мали ризици. Да се ​​живее вистински значи дека додека станувате преземате ризик и дека верувате во себе додека го преземате. Да не станувате од кревет, држејќи се до илузијата на безбедност, би значело дека полека умирате без да живеете навистина. Подобро е да имате живот полн со мали грешки од кои нешто сте научиле, отколку цел живот исполнет со жалење што никогаш не сте пробале.

 

Што се спротивставувавте на реалноста, наместо да ја прифатите и да работите на неа

Вие избирате, цел ден, секој ден. Ако се борите со работа што не ви се допаѓа, погледнете ја на овој начин: вие избирате да заработувате пари за да го исплатите кредитот, да го издржувате семејството и да ги негувате вашите соништа. Не се спротивставувајте; прифатете ја таа ситуација – тоа е местото каде се наоѓа вашата сила. Ако сте во врска што ви предизвикува болка, вие сте избрале да бидете во неа. Можеби таквата врска ќе ве доведе до некој значителен раст или подлабоко разбирање на љубовта. А можеби и не. Но, вие избирате да бидете во неа или да излезете, токму сега. Без разлика што ќе одберете, бидете сопственик на вашиот избор – тоа е местото каде се наоѓа вашата сила.

 

Што се биле налутени

Лутината е карактеристика на оние што чувствуваат дека некој им должи нешто. Простувањето, од друга страна, е особина на оние кои имаат доволно самодоверба да застанат на нозе и да продолжат понатаму. За да продолжите понатаму, треба да знаете зошто се чувствувавте така и зошто повеќе не треба да се чувствувате. Се работи за прифаќање на минатото. Треба да бидете силни да простите и да продолжите понатаму.

 

Што сте изгубиле многу време обидувајќи се да им угодите на другите

Немојте да сфаќате се лично, дури и ако изгледа така. Луѓето ретко прават работи за вас – ги прават само за самите нив. Вие не можете да го промените начинот на кој луѓето се однесуваат кон вас или да го промените начинот на кој зборуваат за вас. Сè што можете да направите е да го промените начинот на кој реагирате и со кого сакате да се дружите. И, секако, ако се борите со која било од овие точки, знајте дека не сте сами. Сите сме заедно во ова …

Прегледи:
558
Објавено на:
26.02.2020