Категории

5 сигурни докази дека веќе ја изгубил главата по вас

Доколку имате проблем со откривање дали му се допаѓате на некој дечко најчесто најсигурниот доказ може да се пронајде во говорот на неговото тело.
Овие 5 знаци го издаваат дека дефинитивно му се допаѓате.

1.Ви се приближува
Ако типот со кого разговарате ви се доближува доста блиску додека разговарате  тоа е знак дека многу му се допаѓате и сака да е што поблиску до вас.

2.Зборува тивко
Тоа дава до знаење дека она што го зборува е само за вашите уши. Ако ви зборува нешто приватно или тајно тоа исто така е добар знак затоа што мажите не го прават тоа со девојките кои не им се допаѓаат.

3.Стои мажествено
Мажественото држење на телото (исправеност, исправени рамена, гради исфрлени нанапред, подигната брада) служи за да ја привлече жената уште од далеку. Но кога мажот разговара од блиску со жената која му се допаѓа, ставот малку ќе му омекне.

4.Зборува доста бавно
Доколку зборува бавно значи дека е баш сконцентриран на разговорот со вас и не сака да каже некоја глупост и да се посрамоти пред вас.

5.Не може да го оттргне погледот од вас
Неговите очи постојано ги следат вашите? Се додека не се работи за психопатско гледање, туку за задржано и длабоко „ти си прекрасна и интересна“ поглед – знајте дека ама баш му се допаѓате.

Прегледи:
804
Објавено на:
11.10.2020